Свет
Украина ја зајакнува безбедноста на границата со Белорусија
Државната погранична служба на Украина презема засилени безбедносни мерки на белоруската граница, пренесува ТАСС.
„Зајакнувањето на овој дел од државната граница се врши со вклучување дополнителни резерви, вклучително и единиците ‘Дозор’ и центарот за обука на кучиња. Авијацијата за контрола на границите и беспилотните летала вршат мониторинг од воздух, а чамците SAFE Boat 27 патролираат во водите на границата“, се вели во соопштението.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победил со 80,10 отсто од гласовите. Светлана Тихановскаја е втора со 10,12 отсто од гласовите.
Веднаш по објавувањето на резултатите во цела Белорусија избувнаа масовни протести предизвикувајќи судири со полицијата во текот на првите денови. Координативниот совет на белоруската опозиција апелира да продолжат со протестите сè додека властите не се согласат да одржат повторни избори, а властите бараат да се запрат неодобрените митинзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.
„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.
Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.
Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.
Свет
Кејт Мидлтон миленичка на британската јавност: по популарноста го надмина и принцот Вилијам
Последната анкета на јавното мислење во Велика Британија, објавена денеска, покажа дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон го надмина принцот Вилијам по популарност.
Во истражувањето спроведено од агенцијата за истражување на јавното мислење „Savante for the Independent“, Кејт (42), која моментално се лекува од неодреден облик на рак, ја поддржуваат 62 отсто од испитаниците, додека принцот од Велс (41) е фаворизиран од 61 отсто од британските испитаници.
Принцот Ендру (64), по дружењето со осудениот педофил Џефри Епштајн, е избран за најмалку омилен член на кралското семејство – го поддржуваат само 14 отсто од испитаниците.
Принцот Хари и Меган Маркл, исто така се соочуваат со недостаток на популарност. Хари (39) го поддржуваат само 29 отсто од испитаниците, додека неговата сопруга Меган (42) е уште помалку популарна со само 25 отсто поддршка од испитаниците, пренесува Танјуг.
Свет
ОН: Израелскиот копнен напад врз Рафах може да доведе до масакр
Израелскиот копнеен напад врз Рафах ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните напори низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафах, каде што се засолниле речиси милион луѓе.
„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат претежно од Рафах“, рече портпаролот на OCHA, Јенс Лаерке на брифингот во Женева.
Хуманитарните активности од Рафах вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.
Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречат големиот број на жртви.
„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.
Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.