Свет
Првата воена парада во Јужна Кореја по десет години: илјадници војници, тенкови, авиони и дронови на улиците
Јужна Кореја денеска ја почна својата прва голема воена парада во последната деценија, со оружје, кое се движи од балистички ракети до јуришни хеликоптери, која ќе помине низ Сеул како демонстрација на сила додека земјата зазема поостар став против Северна Кореја.
Парадата се одржува како дел од Денот на вооружените сили на Јужна Кореја, инаку придушен настан во споредба со масовните настани што Северот ги организира под водство на лидерот Ким Џонг-ун вклучувајќи стратешко оружје, како што се интерконтиненталните балистички ракети.
Во говорот во воздухопловната база во Сеул, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол го предупреди Пјонгјанг да не користи нуклеарно оружје и вети дека ќе ја зголеми поддршката за воената и одбранбената индустрија.
„Ако Северна Кореја користи нуклеарно оружје, на нејзиниот режим ќе му биде ставен крај со силен одговор од јужнокорејско-американската алијанса“, рече Јун додека им се обраќаше на војниците на дождот.
Еднодневниот настан ќе вклучи илјадници војници, јужнокорејски домашни тенкови и самоодна артилерија, како и авиони за напад и беспилотни летала. Ним ќе им се придружат 300 од вкупно 28.500 американски војници со седиште во земјата, соопшти Министерството за одбрана.
Врвот ќе биде парадата долга два километра, која ќе помине низ главниот трговски и деловен кварт во Сеул до раздвижениот кварт Гвангвамун, кој е влезот во распространетата палата во центарот на Сеул.
Јужна Кореја ја одржа својата последна воена улична парада во 2013 година. Парадата и прославата на Денот на вооружените сили се одржуваат пред 1 октомври бидејќи тој датум се поклопува со големиот национален празник оваа година.
Настанот доаѓа откако претседателот Јун зазеде построг став кон Северна Кореја, при што изложувањето оружје и воените вежби се камен-темелник на неговата стратегија за спротивставување на нуклеарната и ракетната програма на Северот во развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Делови од Босна и Херцеговина се под снег, нема струја: „Селата се блокирани“
Делови од Босна и Херцеговина се уште се отсечени од светот и без струја поради снежните наноси, а голем број патишта во таа земја се уште се непроодни за целиот сообраќај, известија службите задолжени за итни интервенции.
Најтешка е состојбата во северозападните и северните делови од земјава, а особено се погодени општините како Дрвар, Кнежево, Лопар и Угљевиќ.
„Селата се блокирани“, изјави градоначалникот на Кнежево, Горан Боројевиќ за локалните медиуми, предупредувајќи дека верува дека има ранливи жители со кои нема комуникација.
Според податоците на РХМЗ РС во Кнежево висината на снегот е 110 сантиметри, но мештаните велат дека наносите се многу поголеми и дека достигнуваат висина од три метри.
„Сè е блокирано. Ситуацијата е тешка. Градот некако го исчистивме, струја немаме, вода засега. Имаме тројца загинати колку што знам. Меѓутоа, проблемот е што многу села немаат сигнал, ние воопшто немаме врска со нив и не знаеме што се случува таму и дали има итни случаи“, рече началникот.
Градовите и населбите во областа Шемберија и Мајевица трет ден се без струја откако снегот го оштети далноводот во тоа подрачје и екипите за поправка не можат да стигнат до столбовите поради обилниот снег.
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека поради снег целосно се затворени патиштата од Бихаќ кон Босански Петровац и Кључ, како и од Дрвар кон Босански Петровац и Гламоч.
Забранет е целокупниот сообраќај на возила и на релации Гламоч-Млиниште и Купес-Ново Село. Прекината е и трасата од Бања Лука до Кнежево како и од Котор Варош до Теслиќ.
Сообраќајот на камиони е забранет на низа други патни правци, особено на оние што минуваат низ планинските превои.
Слаб снег денеска падна во делови од Босна и Херцеговина, а состојбата се очекува да се подобри од утре кога се прогнозира дека врнежите ќе престанат и времето ќе се разведри.
Селото Пепелари, кое се наоѓа во близина на Зеница, четврти ден е целосно отсечено од остатокот од светот поради обилните снежни врнежи.
Klix.ba пишува дека висината на снегот надминува еден метар, а засега никој не презел конкретни мерки за пробивање до селото. Жителите се очајни, особено поради фактот што во селото живеат голем број болни и стари лица, на кои итно им е потребна помош.
Утрово со теренско возило со помош на мештанин била евакуирана постара жена од селото. Сепак, остатокот од околу 300 жители, меѓу кои има и деца, се уште се отсечени.
Селото четири дена е без струја, а мештаните велат дека од војната не биле во таква изолација. Од ден на ден расте паниката кај жителите, додека патните служби на Град Зеница се уште не се дојдени да го направат патот прооден.
Екипата за брза помош од Бања Лука четири часа се бореше низ снегот за да стигне до детето чиј живот беше во опасност.
Оваа информација на Фејсбук ја објави еден од работниците на итната служба кој рече дека не се откажуваат без оглед на невозможните услови. На крајот успеале да му ја пружат потребната помош.
„Пример за луѓе кои покажаа најголем степен на хуманост и дружељубивост се медицинските лица од Бања Лука кои поминаа четири часа низ снегот за да стигнат до дете кое било приклучено на респиратор, а сето тоа отако снемало струја поради лошото време“, изјави вработен во Итната помош.
Свет
Гувернерот: На Крим ќе биде прогласена вонредна состојба поради излевање нафта во морето
Руските власти на Крим ќе прогласат вонредна состојба поради излевање на мазут во Црното Море, откако два танкери потонаа во Керченскиот теснец, соопшти денеска гувернерот на Крим, Сергеј Аксенов.
„Вчера разговаравме со сите наши колеги, со одлука на претседателот на Руската Федерација Владимир Путиn ќе биде воведена вонредна состојба на федерално ниво“, рече Аксенов, пренесува Интерфакс.
Во средата вечерта во Краснодарската територија беше прогласена вонредна состојба, а министерот за вонредни ситуации пристигна во градот Анапа за да ја надгледува работата за отстранување на последиците од излевањето нафта, пренесува Танјуг.
Во средината на декември танкерите Волгоњефт 212 и Волгоњефт 239 потонаа во Керченскиот теснец, а еден член на екипажот загина.
Свет
(Видео) Прегазено деветгодишното дете ја гледало мајката под возилото, сведоците шокирани откако автомобил влета во пешаци во Њујорк
Шест лица, меѓу кои и едно деветгодишно момче, се повредени вчера во Њујорк, кога автомобил влета во пешаци на плоштадот Хералд.
Несреќата се случила околу 16 часот, на сообраќајна раскрсница, а според американските медиуми три лица, меѓу кои и едно момче, се пренесени во болница. Детето се здобило со повреди на ногата, како и жената (49), додека третото лице се здобило со повреди на главата. Останатите тројца повредени, сите жени на возраст од 19 до 49 години, одбиле понатамошно лекување.
Според полицијата, на таксистот најверојатно му се слошило зад воланот, поради што изгубил контрола и влетал во пешаците. Возачот е пренесен во болница на распит, а засега никој не е уапсен.
„Моите мисли се со повредените. Се надевам дека таксистот ќе бидат добро“, изјави Чарлтон Д’Силва од Пасенџерс Јунајтед.
Полицијата соопшти дека таксито патувало на север на Шестата авенија кога излетало на тротоарот. На видеото од местото на настанот се гледа уништено такси на тротоарот. Очевидци велат дека глетката била шокантна.
Раџан Такер гледал како таксистот ја прегазил сопругата. Тој вели дека се движеле по тротоарот и ништо не слушнале, а неговата сопруга била удрена.
„Мојата сопруга беше погодена некаде над рамото. Таа се сврте, тој не ја собори на земја”, рекол Такер.
Тој рече дека ја проверил сопругата за да се увери дека е добро, а потоа го видел момчето заробено под возилото.
„Тој беше заробен под гумата, а кога го преместивме автомобилот, сфативме дека неговата мајка е под автомобилот. Таа беше свесна и зборуваше со него и го одржуваше смирен“, рече Такер.
Такер рече дека тој и другите пешаци го нишале автомобилот наназад за да ги ослободат момчето и неговата мајка, кои биле туристи од Австралија. Тој рече дека повреденото момче му кажало дека тоа за него е најлошиот одмор досега.