Европа
Институтот за проучување на војната: Руските сили почнаа неуспешни напади во близина на Авдивка и Маринка
На 25 септември руските сили не успеаја во копнените напади во близина на Авдивка и Маринка на западното предградие на Донецк, објави Институтот за проучување на војната.
„Руските сили продолжија со неуспешните копнени напади по должината на линијата Авдивка – Донецк“, соопшти Институтот за проучување на војната.
Russian military officials continue efforts to build out the Russian armed forces to suit the needs of Russian forces fighting in #Ukraine. 🧵https://t.co/HdiQn78kh3 https://t.co/fCCovFKvS0
— ISW (@TheStudyofWar) September 26, 2023
Руските сили исто така не успеаја да ја вратат изгубената територија во близина на Новомихаиливка, 36 километри југозападно од Адвивка. Руските трупи изведоа неуспешни напади во близина на Клишчивка, како и источно и југоисточно од Бохданивка (седум километри северозападно од Бахмут), според извештаите на украинската војска.
На 24 и 25 септември голем број руски воени коментатори тврдеа дека руските војници ги протерале украинските војници од нивните позиции во Орихово-Василивка (10 километри северозападно од Бахмут). Друг руски коментатор тврди дека украинските сили извршиле контранапад во близина откога руските сили очигледно го обезбедиле селото.
Сепак, Институтот не доби визуелни докази за поддршка на извештаите дека руските трупи ја зазеле Орихово-Василивка.
Институтот за проучување на војната објави дека руските сили не постигнале никакви потврдени успеси во нивните офанзиви во близина на Бахмут. Капетанот Илија Јевлаш, портпарол на украинските сили, кои се борат на источниот фронт, извести дека украинските војници ослободиле дополнителни два километра земја во правец на Бахмут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.
Европа
Професорка во Британија осудена за сексуална експлоатација на ученици, забременила со еден од нив
Професорка е прогласена за виновна за сексуално искористување на двајца тинејџери на кои им предавала во нивното средно училиште во Велика Британија. 30-годишната Ребека Џојнс ја дочека пресудата на слобода, но беше суспендирана од работа во училиштето.
Британските медиуми јавуваат дека Џојнс веќе била суспендирана и пуштена со кауција поради секс со 15-годишен ученик, идентификуван во пресудата како Момче А, кога почнала да има секс со друг ученик, момче Б, со кој подоцна останала бремена, пишува „Independent“.
На судот му било кажано дека и двете момчиња и праќале флертувачки пораки на „Snapchat“ пред таа да ги покани во нејзиниот стан.
Во случајот со првото момче, таа му го дала телефонскиот број, а како вежба за решавање проблеми, тој морал да ја погоди последната цифра. После тоа се поврзале на Снепчет и тој и праќал пораки во кои парот се договарал да се сретнат тајно.
Таа потоа го однела на шопинг и му купила скап појас. Полицијата подоцна ја пронашла неговата сперма во нејзината постелнина. Второто момчпе кажало дека врската со професорката започнала со бакнежи кога имал 15 години и со сексуални односи кога наполнил 16 години.
Џојнс пред судот се бранеше дека доживеала „нервно растројство“ кога била суспендирана од работа, по полициската истрага, и се вратила кај нејзините родители.
Џојнс на суд тврдеше дека никогаш немало сексуална активност со првото момче и дека врската со второто момче се развила додека таа била суспендирана од работа.
Таа плачела додека им кажувала на поротниците дека бебето што го родила и е одземено неколку часа по раѓањето и сега ѝ е дозволено да го гледа детето само три пати неделно. Таа беше прогласена за виновна по шест точки од обвинението за сексуална експлоатација на малолетници.