Бегството на Груевски
Груевски тајно се состанал со функционер од унгарското МНР
Експремиерот Никола Груевски тајно во стан во Будимпешта се состанал со заменик-државниот секретар за надворешни работи на Унгарија, Иштван Јо, објави унгарскиот портал 444.
Информацијата за состанокот ја потврдило унгарското Министерство за надврешни работи, од каде навеле дека нема ништо невообичаено во тоа нивни вработен да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер во својата земја.
Откако новинар од унгарскиот портал во петокот го улови и сними македонскиот експремиер во бегство, беше објавена информацијата дека Груевски тој ден бил на таен состанок со заменикот во министерството.
Според 444 средбата била во истата зграда во која новинарот безуспешно се обиде да добие одговори од Груевски на неколку прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
