Контакт

Топ

Затворен ресторан во селото Бојане – 80 гости фатени на прослава

Објавено пред

Вчера, во временскиот период од 16 до 23 часот, на подрачјето на СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти, при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на Бит-пазар, Сарај и Аеродром, каде што објектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.

Па, така, вчера, во 18.20 часот, во  објект на улицата Отокар Кершовани, сопственост на А. Ш., затекнати се гости по што објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ. Во ресторан во с. Бојане, сопственост на Б. Б., биле затекнати 80-ина гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16.30 часот по што објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.

Во 19 часот, во угостителски објект на улицата Венијамин Манчуковски, затекнати се 9 лица гости и објектот е затворен од страна на Инспекторатот, а одговорното лице Ј. Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.

Свет

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Објавено пред

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот адвокат.

Судската одлука следува еден ден по апсењето по пристигнувањето во Москва.

„На Алексеј Навални му е одреден притвор од 30 дена, до 15 февруари“, напиша неговиот адвокат, Вадим Кобзев, на „Твитер“.

Навални (44) е уапсен синоќа на аеродромот „Шереметјево“ по пристигнувањето од Германија, а денес беше изведен пред судот. Претходно денес, тој ја осуди како целосно незаконска постапката во неговиот случај.

„Не разбирам што се случува. Сум видел многу пародии на правдата… но, ова е целосно незаконско“, рече Навални на видеото објавено на „Твитер“ од неговата портпаролка Кира Јармис.

Руското биро за извршување кривични санкции објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година за повторено кршење на правилата додека бил на проба и дека ќе биде во затвор до следната судска одлука.

Навални реши да се врати во Русија и покрај заканата од затвор. Овој противник на Кремљ беше во Германија, каде што беше префрлен во август откако одеднаш се разболе во текот на летото во Сибир.
Лабораториите во Западна Европа заклучиле дека Навални бил отруен со нервен агенс. Навални го обвинува рускиот претседател Владимир Путин дека наредил негово труење и убиство, а Кремљ тоа го негира.

ООН, Соединетите Американски Држави и европските земји го осудија апсењето на Навални и повикаа на итно ослободување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции, кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое Македонија ја оддалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за деблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

„Премногу долго државата е заробена во недостиг на реформи, калкулирања и тапкање во место, што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската Влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смее да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната Влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да им подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие разговарале и за економската и за здравствената состојба, како и за предизвиците што произлегуваат од пандемијата на Ковид-19.

„Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостига конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекува од Владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал, Македонија е меѓу земјите со најголем број починати во споредба со бројот на жители поради пандемијата на Ковид-19. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија, и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со кој било свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити поврзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во деблокирање на пристапиот процес. Државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјата кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Свет

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Објавено пред

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, повикувајќи ги земјите и производителите на поправедна дистрибуција на вакцините во целиот свет.

Гебрејсус рече дека изгледите за фер дистрибуција се под сериозен ризик во период кога програмата на СЗО за дистрибуција на вакцини, Ковакс, прави подготовки да почне со дистрибуција следниот месец.

Тој истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12.

„Ова може да ги одложи испораките на Ковакс и да го создаде точно она сценарио што се обидовме да го избегнеме создавајќи ја Ковакс-програмата: создавање резерви, хаотичен пазар, некоординиран одговор и продолжување на социјалните и економските нарушувања“, рече директорот на СЗО.

Тој предупреди дека поради тоа, ќе страдаат токму ониe на кои помошта им е најпотребна.

„Не само што овој пристап на ‘прво јас’ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки“, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на извршниот одбор на СЗО во Женева, пренесе „Ројтерс“.

Како што истакна, на крајот ваквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.

Глобалните превирања за вакцините се интензивираа по информациите за циркулација на нови позаразни верзии на вирусот.

Тедрос како пример за нееднаквост го посочи податокот дека повеќе од 39 милиони дози вакцини се употребени во 49 земји со повисок приход, а само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија3 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет3 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија4 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ5 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија5 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија6 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа6 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет7 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион7 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет8 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет8 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет8 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет19 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ19 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет20 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет21 час

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион22 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија1 ден

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија1 ден

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Досие