Македонија
Зибери: Како премиер ќе ја избришам последната поделба на Македонци и немакедонци

Само пред неколку недели, никој не можеше да помисли за еден премиер Албанец во Северна Македонија, а сега целата земја зборува за ова, рече во своето обраќање Насер Зибери кандидатот кој го предложи ДУИ.
Како што истакна Зибери, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му објаснил дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека неговото име било меѓу предложените како надпартиски кандидат.
„Челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет и затоа реков – да“, објаснува Зибери и додава дека за неговата одлука клучни биле неколку причини.
„Верувам во идејата за прв премиер Албанец и верувам дека не е само чест, туку и должност и обврска за да и служам на ова идеја и на нашата албанска заедница во нашата земја. Да, затоа што јас целиот живот го посветив во борбата за рамноправност на Албанците и другите граѓани, за подобар живот за Албанците како пратеник во Собранието од Партијата за Демократски Просперитет, како Министер за труд и социјална политика, како потпретседател на Владата, и како адвокат. Време е за последниот чекор, време е ги урнеме последните ѕидови кои го делат нашето општество во два дела Македонци и немакедонци“, посочува Зибери.
Тој истакнува дека идејата за премиер Албанец е поголема од секоја личност и од секоја партија.
„Не би прифатил да бидам партиски кандидат. Ниту за ДУИ ниту за некоја друга партија. Бидејќи независноста секогаш беше моето начело како придонесувач во политиката, независноста ќе биде моето начело и како премиер. Еден премиер не треба да и служи на една партија. Тој треба да им служи на граѓаните“, смета Зибери.
Додава дека пред да ја донесе конечната одлука со Ахмети се согласиле дека потребен е кандидат кој ќе ги обедини сите Албанци, но и повеќе, ќе ја обединува Северна Македонија.
Тој воедно порача дека ја бара и довербата на другите албански партии и е отворен за соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.