Контакт

Истрага во МНТ

Полицијата влезе во МНТ, под истрага работата на ексдиректорот Дејан Пројковски

Објавено пред

Екипи од МВР минатата недела зедоа документи од правната служба на најголемата театарска национална куќа МНТ поради сомневање дека во периодот од 2015 до 2017 се вршени незаконски дејства кои го оштетиле буџетот, дознава „Макфакс“. Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваат по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен директор Пројковски ја злоупотребил службената должност, вршел сомнителни јавни набавки и ненаменски потрошил средства во висина на 150.000 евра.

Под истрага е и наследникот на Пројковски, кој му потпишал решение за вработување и распределба на уште едно работно место, а полицијата ги побарала и тие документи. Решението за работното место режисер, односно распределба што не ги поминала правните регулативи, за Пројковски го потпишал Драган Спасов – Дац. На овој начин Пројковски добил две работни места, уметнички директор и режисер.

Како што дознаваме, МВР во моментот ги прибира и ги анализира документите и во интерес на истрагата до првичните сознанија нема да споделува информации со јавноста.
Според наши извори, тие побарале документи за увид во движењето на кариерата на поранешниот директор Дејан Пројковски и за вршење на јавните набавки во периодот од 2015 до 2017 година“.

МВР постапи по втората пријава на Министерството за култура по барање на раководителката на МНТ, Симона Угриновска, која ги утврдила неправилностите. Од Државниот завод за ревизија, иако биле повикани да направат увид во состојбата, одговориле дека немаат време.

Проблемите што долго време ја тресат најголемата национална куќа, а за кои никој не проговори јавно дури и по назначувањето на директорот Драган Спасов – Дац, кој со оваа куќа раководеше по Пројковски, се отворија по оставката на режисерот Александар Поповски од местото претседател на Управниот одбор во МНТ.
Како вршител на должност до јануари 2018 (неполни 6 месеци) Дац не ги алармирал надлежните за злоупотребите во МНТ, а како што дознаваме, наследениот долг од неговиот претходник бил дури и зголемен.

Сомнежите можеби ќе се провлекуваа и натаму и ќе останеа само во кулоарите на актерските кругови и колективот на МНТ, но во јуни режисерот Александар Поповски си даде оставка од местото претседател на Управниот одбор во МНТ и ги повика институциите да ги расчистат сомнежите.
Тогаш тој изјави дека и по цела една година од кога е формиран овој Управен одбор, сè уште нема ниту најава дека членовите ќе почнат да се занимаваат со проблемите што ја тресат оваа наша национална театарска куќа.

Исто толку време, според него, се чекало на распишувањето конкурс за нов директор и за назначување нов уметнички раководител поради нејасниот статус на работното место на неговиот колега Дејан Пројковски, кој по поднесената оставка на местото директор, во систематизацијата на МНТ фигурира и како режисер и како уметнички директор. Згора на тоа, Поповски реагира и на други проблеми со вработувањата и уште многу нелогичности, со што дополнително се парализира работата на МНТ.

Работата на Управниот одбор била отежната и од нерасчистена ситуација во однос на моментните финансиски обврски на театарот кон доставувачи врз основа на претходно склучени договори за јавни набавки на стоки, услуги и обврски за комуналии во периодот 2015-2017 година кога со куќата ракводеше Пројковски. Основаните сомненија дека ненамнески се потрошени 150.000 евра се само дел од финансиските проблеми со кои се соочил МНТ по заминувањето на Пројковски.

Ова сума била утврдена од правната служба на МНТ и од страна на независна ревизија, а по барање на Управниот одбор и сегашниот в.д. директор Симона Угриновска. За ова биле известени Министерството за култура и службите на МВР.

Најново

Спорт1 час

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт1 час

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет1 час

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт2 часа

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија2 часа

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет2 часа

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија3 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија3 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет3 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...