Македонија
Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8, Велес – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56 г и 46 г) и по едно починато лице од Кавадарци (74 г), Куманово (88 г), Кочани (84 г), Струмица (73 г), Прилеп (71 г) и Тетово (69 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 3.9.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Направени се 3.210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола – 56, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 65, ЦЈЗ Куманово – 81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена – 109, Биотек – 142, Систина – 53, лабораторија Лаор – 107, Синлаб – 20, Ремедика – 17, Плодност – 33, Генеа – 4, Никоб лаб – 314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика – 34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ – 4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411.
Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 87908, Активни 3203
Куманово 12195, Активни 455
Тетово 10980, Активни 119
Прилеп 9408, Активни 257
Гостивар 7998, Активни 25
Битола 7378, Активни 216
Велес 6739, Активни 328
Кавадарци 6227, Активни 211
Охрид 6142, Активни 192
Штип 6101, Активни 207
Струмица 5901, Активни 136
Кичево 4084, Активни 70
Струга 3838, Активни 42
Кочани 3530, Активни 176
Гевгелија 2543, Активни 84
Неготино 2371, Активни 39
Свети Николе 1997, Активни 78
Крива Паланка 1616, Активни 140
Радовиш 1588, Активни 45
Ресен 1583, Активни 43
Дебар 1453, Активни 5
Берово 1233, Активни 21
Делчево 1153, Активни 33
Виница 1084, Активни 35
Пробиштип 998, Активни 54
Валандово 850, Активни 23
Кратово 639, Активни 32
Богданци 584, Активни 27
Крушево 546, Активни 15
Демир Хисар 481, Активни 34
Македонски Брод 477, Активни 2
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 356, Активни 40
Пехчево 320, Активни 4
Дојран 145, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.
Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
„Припадниците на криминалистичката полиција ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин, зашто се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот“,рече Ангелов.
Тој посочи дека чадењето е намалено, но сè уште активно, појаснувајќи дека станува збор за чадење, а не за горење.
Видлив оган на депонијата нема, рече Ангелов, туку се работи за чад што излегува од внатрешноста како последица на силните хемиски и биолошки процеси што се одвиваат на депонијата, каде што се слева исцедокот од депонијата.
Ангелов откри и дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побара засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.
Од „Дрисла“ апелираа до МВР да ги пронајде и санкционира потпалувачите.
Македонија
Toшковски: Во тек се подготовки за мирни локални избори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Струга и Полициската станица за гранични проверки Ќафасан. Од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга министерот беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе се вложуваат дополнителни напори.
„Во пресрет на претстојните локални избори, веќе се преземаат соодветни оперативни активности насочени кон обезбедување мирен и безбеден изборен процес. Што се однесува до граничниот премин Ќафасан, во текот на оваа летна сезона е евидентирано зголемување на бројот на патници кои ја поминале границата во споредба со истиот период минатата година. Во таа насока, заедно со албанските колеги работиме на имплементација на системот „One Stop“, кој во комбинација со одредени инфраструктурни прилагодувања ќе овозможи да имаме трајно решение за намалување на гужвите и забрзување на протокот на патници и возила за време на туристичката сезона.“, подвлече министерот Тошковски.
Македонија
Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието.
Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот процес, нудејќи целосна поддршка на одговорните институции, независното набљудување и мирната и рамноправна изборна кампања.
Декларацијата ја нагласува важноста на почитувањето на законот, основните права и слободи, како и осудата на говорот на омраза, насилството, корупцијата и злоупотребата на државните ресурси. Исто така, се потенцира значењето на политичката толеранција и меѓусебното почитување меѓу различните политички опции, како и улогата на медиумите во обезбедувањето позитивна атмосфера на изборниот процес преку еднакво промовирање на кандидатите, нивните идеи и платформи.
Собранието, како претставник на граѓаните и чувар на сплотеноста, испраќа порака дека изборите на 19 октомври треба да бидат доказ за политичката зрелост и за демократското функционирање на нашето општество и институции.