Контакт

Топ

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Објавено пред

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште.

Како што соопшти полицијата, починатиот е 50-годишен жител од Доброште, а на скопските клиники е префрлено женско лице, кое е потешко повредено.

Сообраќајкната несреќа се случила помеѓу автомобил и трактор, а оштетено е уште едно возило паркирано во близина.

 

Европа

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Објавено пред

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите на движењето „жолти елеци“ против политиките на владата на Емануел Макрон.

Како што информира порталот „Индекс.хр“, во главниот град биле уапсени вкупно 31 лице, а апсења имало и во јужниот дел на Франција.

Полицијата фрлила солзавец кон демонстрантите во близина на булеварот Стразбур и железничките станици во северниот и источниот дел на Париз, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

До конфликтни ситуации дошло и во градот Лил во северниот дел на државата, како и во Тулуз и Монпелје на југ.

Владата започна операција „Сентинел“ и ангажира воени трупи, бидејќи минатиот викенд демонстрантите демолираа и ограбија продавници на Шанзелизе во Париз. Исто така, како една од мерките за зголемана безбедност при протестите на „жолтите елеци“, на демонстрантите им е забранет пристапот до најпознатата париска авенија.

Прикажи повеќе...

Топ

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Објавено пред

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници.

Како што информираат од МВР, во затворениот дел од амбулантата, на 34-годишен затвореник од Скопје му биле нанесени убодни рани во пределот на стомакот и десната надлактица, од страна на неговиот брат, исто така на возраст од 34-години, кој исто така отслужува казна во затворот.

Повредениот итно бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

Прикажи повеќе...

Топ

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Објавено пред

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со пратениците во потрагата по двотретинско мнозинство, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. по вчерашниот неуспешен обид за договор меѓу власта и опоицијата.

„Јас сметам дека треба да се работи паралелно во две траектории- и во продолжување во обид да се најде консензус, но и во комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство во Собранието“, рече Османи.

Денеска и од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека тие не отстапуваат од како што рекоа принципите за враќање на правото и правната држава, и ја обвинија од власта дека сака тие принципи да ги жртвува со предлог-законот за јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа59 минути

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ4 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ5 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет7 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет8 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет8 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет9 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет10 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет23 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие