Свет
12-те деца и нивниот тренер спасени од пештерата на Тајланд

12-те деца се извлечени од пештерата на Тајланд, објавија светските медиуми.
Според информациите на „Ројтерс“, последен бил извлечен нивниот тренер.
Трите момчиња што претходно беа спасени за време на денешната акција со хеликоптер се пренесени во болница во градот Чијанг Раи.
Последните информации за драмата на Тајланд следете ги на следниот ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ понуди на Украинците сопствен договор за минералните суровини, различен од оној на Трамп

Европската унија вчера и понуди сопствен договор за „критичните материјали“ на Украина, токму кога американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Вашингтон е блиску до склучување договор со Киев за правата на неговите огромни природни ресурси, објави американски „Политико“.
Европскиот комесар за индустриска стратегија Стефан Сежурне рече дека ривалскиот предлог им го доставил на украинските официјални претставници со кои се сретнал во Киев за време на посетата на Европската комисија за одбележување на третата годишнина од целосната инвазија на Русија.
„Дваесет и еден од 30-те критични материјали што и се потребни на Европа може да бидат обезбедени од Украина во партнерство со победа-победа“, рече Сежурне, пренесе АФП.
Тој нагласи : „Додатната вредност што ја нуди Европа е дека ние никогаш нема да бараме договор што не е заемно корисен“.
Трамп направи сè поагресивни чекори кон Украина за правата на нејзините минерални богатства, барајќи дури 500 милијарди долари како компензација за поддршката на Вашингтон за Киев во одбраната на инвазијата на Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски досега одби да потпише два нацрт-договори предложени од администрацијата на Трамп, велејќи дека условите, за кои „Њујорк Тајмс“ објави дека вклучуваат Киев да се откаже од приходите од минерали, нафта и гас, плус заработка од пристаништата и друга инфраструктура во износ од 500 милијарди долари, се премногу сурови.
„Нема да потпишам нешто што ќе треба да го враќаат 10 генерации Украинци“, рече Зеленски на прес-конференција во неделата.
Но, Трамп вчера инсистираше на тоа дека „конечниот договор“ е „многу блиску“ и дека ќе вклучува „ретки земји и разни други работи“.
Украина има огромни наоѓалишта на критични елементи и минерали, од литиум до титаниум, кои се од витално значење за производство на модерни технологии и многу посакувани во глобалната трка по ресурси. Исто така, има огромни резерви на јаглен, како и нафта, гас и ураниум, но голем дел од тоа е на територии под руска контрола.
Свет
(Видео) Во Колумбија фатен шверцер на кокаин, ја криел дрогата под перика

40-годишен колумбиски државјанин пред пет дена бил фатен во обид да прошверцува дрога скриена под перика додека се качувал на лет од Картагена за Амстердам.
Периката содржела 19 капсули кокаин, а пратката се проценува дека вреди повеќе од 10.000 евра, соопштија властите.
¡‘Narcopeluca’ en Cartagena!
Detalles: https://t.co/h47nOGiUY4 pic.twitter.com/2CbJHZPnG6
— Policía de Colombia (@PoliciaColombia) February 24, 2025
Осомничениот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело трговија, производство и држење наркотици.
„Задаваме силни удари на криминалните структури кои, покрај трговијата со дрога, се и генератори на разни насилни акти и други видови злосторства кои го уништуваат мирот и соживотот на заедницата“, изјави командантот на полицијата во Картагена, Гелвер Јецид Пења Араке.
Свет
Трамп ја укина наредбата со која се наложува известување за кршење на меѓународното право од американско оружје

Администрацијата на Трамп ја укина наредбата од времето на Бајден со која се бараше да пријави прекршување на меѓународното право поврзано со оружјето што Америка им го доставила на сојузниците, вклучително и Израел, потврдија двајца американски официјални лица.
Станува збор за Меморандумот за национална безбедност-20, кој беше потпишан од поранешниот претседател Џо Бајден во февруари 2024 година поради критиките за употребата на американските бомби од страна на Израел во војната во Газа.
Меморандумот бараше американската влада да подготви извештаи за Конгресот за употребата на американско оружје од други земји. Од администрацијата на Трамп ќе се бара во наредните месеци да поднесе извештај до Конгресот за сопствената проценка за однесувањето на Израел.
Американскиот сенатор Крис Ван Холен од Мериленд, клучен застапник за надзор на Конгресот за продажбата на американско оружје, одлуката за отповикување ја нарече „срамна“. „Тоа е лоша услуга за нашата национална безбедност, глобалните човекови права и нашата позиција во светот“, рече демократскиот сенатор.