Регион
Србија поставува метална ограда на границата со Македонија

Србија почна со поставување метална ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, јавуваат српските медиуми. Оградата треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини.
Beležimo povećan broj pushbackova prema Makedoniji, a prema svedočenjima migranata na terenu na jugu Srbije. Ljudi posle četvrtog ili petog puta uspevaju da uđu u Srbiju i sa juga nastave dalje. Ubrzano se i nastavljaju radovi na postavljanju ograde prema Severnoj Makedoniji. pic.twitter.com/OUMHTfhlh9
— Azil u Srbiji Asylum Protection in Serbia (@APC_CZA) August 13, 2020
Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечена од Белград, за дописникот на Радио Слободна Европа од Крагуевац, изјави дека изградбата на жичената ограда е дел од договорот со Европската Унија (ЕУ).
„Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуано пак ќе почнат масовно да се движат по таканаречена балканска рута“, вели Арифи.
Србија е на таканаречената балканска рута преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според најновите податоци објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, има речиси 4.800 лица во 18 центри за азил и прием во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин