Контакт

Македонија

Трета жртва на коронавирус во земјата – почина жената од Дебар што беше на респиратор

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека денеска починала пациентката од Дебар, која заедно со сопругот заболе од коронаврус. Нејзината состојба беше подолго време влошена.

„Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот. Тоа е пациентката што беше подолго време на респираторна машина. Беше на 66-годишна возраст и во историјата имаше дека пиела терапија за хипертензија“, рече Филипче.

Тој додаде дека денеска до 12 часот има 29 нови заболени.

Македонија

Одбележување на 2 Април, Меѓународен ден за подигнување на свеста и борбата против аутизмот

Објавено пред

Во пресрет на одбележување на Меѓународниот ден на борбата против аутизмот, 2 Април, Националната галерија на Северна Македонија вложува напори во подигање на јавната свест за оваа ранлива категорија на деца.

„Тенденцијата на пораст на аутизамот е факт и токму поради тоа потребен е поголем ангажман, подобар пристап и координација на сите засегнати страни во битката за справување со нарушувањето на психо-физичкиот развој кај најмладата популација“, велат од таму.

Како институција од културата, во рамките на својата Годишна програма, Националната галерија традиционално спроведува проекти кои се наменети токму на оваа категорија на деца.

Овогодинешниот проект е со наслов: „Пссст… Каменот има нешто да Ви каже“. Во рамките на проектот беа реализирани работилници во текот на месец февруари 2020 година, во Чифте амам, пред да се појави епидемијата од корона вирусот. Истите беа водени под менторство на едукатор Маја Димитрова. Во работилниците учествуваа учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“, ПОУ „ Иднина “ и Здруженијата за деца со посебни потреби „Имаго плус“ и „Дама ел“.

„Досега, секоја година наназад, креациите од работилниците ги претставувавме на изложба со која воедно, официјално го одбележувавме 2 Април. Оваа година заради настанатата ситуација кај нас и во светот, изложбата ќе биде прикажана виртуелно, во електронска форма на нашата ФБ страна .Ваквите проекти испраќаат порака за повеќе грижа и повисоко ниво на општествена свесност, обезбедување на услови за секојдневно функционирање на децата со интелектуална попреченост и нивна културолошко-социјална инклузија, поддржана пред се на институционално ниво“, кажа директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Објавено пред

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга самоизолација, заминал во својот стан во Охрид и бил во службените простории на еден оператор по што дома примил вработени, кои му ја извршиле договорената услуга.

Против него е поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според информациите на СВР Охрид, Д. А. (44) од Скопје, на 13 март, кога од Австрија пристигнал во Северна Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест на коронавирусот.

По медицинскиот наод дека е позитивен, тој не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во својот стан во Охрид. Притоа непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што во станот примил вработени, кои му ја извршиле договорената услуга.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Објавено пред

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција.

Министерството за здравство има на располагање повеќе од 1.000 болнички кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус во: Клиниката за инфективни болести со дополнителните капацитети, болницата „8 Септември“, инфективните одделенија во Штип, Гостивар и во Велес, Институтот за белодробни заболувања во Козле, депандансот на Министерството за труд и социјална политика во Демир Капија, како и понудените капацитети од приватните болници.

Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и среднотешко болни пациенти од коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со речиси 400 кревети болницата „8 Септември“ во Скопје.

„Во моментот на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 59 пациенти, што претставува една четвртина од расположивите капацитети само на оваа локација, што значи дека овие институции располагаат со доволно капацитети, но и со инфектолози специјалисти на инфективна медицина и обучен медицински персонал“, велат од МЗ.

Од таму велат дека моделот на третман и лекување на тешките и среднотешките пациенти во институции каде што има специјалисти на инфективна медицина, во комбинација со домашното лекување, е модел на пристап кон пациентите со коронавирус што се применува во Германија и се покажува како солиден и може да се аплицира во нашата земја.

Воспоставенa e координација помеѓу повеќе нивоа на институциите во рамките на здравствениот систем – примарните лекари, здравствените домови со пунктовите каде што се земаат материјали, секундарните болници и клиниката како врвна институција од терциерното здравство.

Здравствениот систем е спремен да прими и поголем број пациенти од бројката на пациенти што сега се третираат во болниците и е подготвен за пикот што, според процените, се очекува на крајот на април“, велат од Министерството.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ52 минути

Уапсени насилниците кои тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет2 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет2 часа

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија2 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија3 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија3 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион3 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет4 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија4 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет5 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава5 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет6 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија17 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија18 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија21 час

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија21 час

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија22 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија23 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија23 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија23 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Досие