Македонија
Уапсени ексминистрите Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Кристијан Делев

Tројца поранешни министри и заменици за земјоделство утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање државно земјоделско земјиште. Од кривичниот суд за „Макфакс“ потврдија дека во моментот три лица се донесени на распит кај судија на претходна постапка.
Во акција на одделот за организиран криминал на МВР приведени се поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и ексзаменик-министерот за земјодеслтво, Кристијан Делев. Четвртоосомничен во истрагата е актуелниот пратеник Љупчо Димовски по кого полицијата е во потрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.