Европа
Франција ги затвора границите за сите патници кои не се од ЕУ

Франција утре ќе ги затвори своите граници кон сите земји надвор од Европската Унија со цел да го контролира порастот на инфицирани со коронавирус, со цел да не воведува нови забрани внатре во земјата. Одлуката е донесена по седницата на Кризниот штаб со министрите и претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот премиер Жан Кастекс.
„Секој влез во Франција и излез од наша територија кон или од земја надвор од Европската Унија ќе биде забранет, освен ако не постои оправдана причина да се изземе од таа мерка. Оваа мерка ќе стапи на сила на полноќ во недела“, рече тој, додавајќи дека евентуалниот влез во земјата ќе биде условен со ПЦР тест, со исклучок за работниците преку границата.
Патувањето од земјите на ЕУ претходно беше дозволено со негативен тест не постар од 72 часа. Новата одлука е предизвикана од ризиците од нови видови на вирус, рече Кастекс. Исто така, трговски центри поголеми од 20.000 квадратни метри ќе бидат затворени од недела, а владата ги повика компаниите да им дозволат на вработените да работат од дома.
Владата ќе ги засили контролите за да се потиснат сите незаконски собири или прослави. Денес во Франција се регистрирани 22.858 новоинфицирани лица, како и 355 смртни случаи од последици на коронавирус.Сепак, министрите имаат спротивставени ставови за мерките за заклучување. Влошувањето на менталните состојби на луѓето, заморот и можноста за масовна граѓанска непослушност беа наведени како причини да не се оди кон построги ограничувања во земјата.
„Можеме да дадеме шанса да го избегнеме тоа сценарио“, заклучи францускиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин