Контакт

Македонија

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Објавено пред

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба, со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност.

„Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години.

Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40-тина години и е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентка, која е бремена, и` се вршат дополнителни испитувања.

Во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници“ изјави Филипче.

Македонија

МРТ почнува со емитување на четири нови канали

Објавено пред

Македонската радио телевизија информира дека после големи подготовки и преземени активности со задоволство ве известува дека почнува со емитување на 4 нови телевизиски канали и тоа:
МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма и МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма.

„Отварањето на новите телевизиски канали е реализација на најстратешката определба во програмата за работа на овој тим кој раководи со МРТ.Со пуштање во етер на новите канали очекуваме нашите гледачи да добијат можност за следење на поголем број на различни содржини што опфаќа повеќе целни групи. Во овој период можеби е најзначајно отворањето на детскиот канал каде што ќе понудиме повеќе образовна и едукативна програма за учениците. Исто така, со зголемување на обемот на програмата на албански јазик, како и каналот за останатите етнички заедници ќе се отвори можност што поголем број на програми да се емитуваат на јазиците на нашите верни гледачи“, се вели во соопштението.

Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку платформите на сите оператори на програми.
Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да ги гледаат новите канали откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите. Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5 и Спортско-забавниот канал МРТ 3 во СД резолуција на каналите 6 и на 8, а во ХД резолуција на каналите 711 и 712. За редоследот на останатите два телевизиски канали дополнително ќе ја известиме јавноста.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да ги гледаат новите канали на МРТ, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или на Сет-топ бокс уредите.

Прв канал што ќе почне да емитува програма е МТВ 5 кој ќе започне на 8 април (среда) со почеток во 16:00 часот, а втор ќе биде МТВ 3 кој ќе започне да емитува програма на 10 април (петок) со почеток во 16:00 часот. Останатите два канала ќе започнат со работа на 16 април (четврток). Овој датум е земен заради јубилејот којшто го одбележува програмата на албански јазик.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Прилеп ја намалува фирмарината од 6.000 на 4.000 денари

Објавено пред

Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 42. седница, на која усвои повеќе одлуки за ослободување правни и физички лица од разни давачки кон локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија, со цел да им се помогне во кризната ситуација настаната со пандемијата на коронавирусот.

„Советот донесе одлука за намалување на фирмарината од 6.000 на 4.000 денари, со вкупна сума на ослободување на правните лица во висина од 4,5 милиони денари, а користењето на просторот пред деловниот простор се намалува од 15 на 5 денари за квадратен метар. Со оглед на тоа дека во месеците на вонредна состојба угостителите ќе бидат комплетно ослободени од оваа давачка, висината на вкупните средства од кои ќе бидат ослободени изнесува 8 милиони денари. За 600.000 денари е намалено истакнувањето рекламни објави на јавни места, со што севкупно намалувањата на овие давачки за правните лица изнесува 13,2 милиони денари“, изјави претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, во однос на мерките предложени од страна на Општина Прилеп.

Талевски ги истакна и другите мерки што ги предложија јавните комунални претпријатија, а кои прилепските советници едногласно ги усвоија.

„Се ослободуваат социјално загрозените лица и самохраните родители од обврската за плаќање комунален отпад за април и мај. Привремено се ослободуваат од плаќање надомест за подигање комунален отпад правните лица од Старата чаршија и самостојните занаетчии. Ослободувањето се однесува на дуќанџиите, занаетчиите и сите угостители и хотелиери од подрачјето на општина Прилеп. Исто така, Советот донесе одлука за ослободување од плаќање надомест на сите закупци на тезги и на деловен простор во сопственост на ЈКП ‘Пазари’. Сакам да потенцирам дека сите одлуки се донесени едногласно“, потенцира Талевски.

Советот на Општина Прилеп даде согласност за планот за заштита и спасување од поплави, а ја и усвои одлуката за утврдување приоритет за учество во проектната апликација „Паметни прекугранични мрежи за одржливо вработување и раст во туризмот“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Турција ќе донира помош за справување со епидемијата во земјата

Објавено пред

Во рамките на борбата со Ковид-19, од страна на Република Турција на Република Северна Македонија ќе ѝ биде доделена помош од медицински материјали.

Авионот на Турските воени сили, кој го носи здравствениот материјал, ќе слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“ в среда, 8 април 2020 година, во 14.25 часот. Предавањето на здравствениот материјал ќе се изврши од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија53 минути

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Македонија1 час

Коронавирус и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информираше министерот за здравство Венко Филипче....

Македонија2 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија3 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија4 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија4 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија4 часа

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија5 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет6 часа

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион6 часа

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Македонија7 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ8 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија8 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија9 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ10 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа10 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет11 час

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет12 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија21 час

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет1 ден

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Досие