Свет
Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута
Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод.
Капсулите Сарко го поминаа правниот преглед и сега можат да се користат во Швајцарија. Тие се создадени со 3Д печатење, а нивната примена во Швајцарија би можела да започне во 2022 година.
Switzerland approves Sarco assisted suicide pod https://t.co/K33Ts5Ik05 pic.twitter.com/8ppOXbobg4
— BGR.com (@BGR) December 8, 2021
Капсулата ја дизајнираше доктор Филип Нишки, а таа може да обезбеди мирна смрт.
„ Погодноста за тој што ја користи е тоа што не мора да добие никаква дозвола, не му треба специјален лекар за да се обиде да ја вметне иглата и не мора да зема тешки лекови“, рече Нишки.
Капсулата се активира одвнатре и може да се влече до местото каде личноста сака да го заврши својот живот. Откако ќе се активира, капсулата се полни со азот и кислородот се намалува. После тоа, лицето ја губи свеста и на крајот умира. Процесот на умирање, како што велат, трае помалку од една минута.
Холандија, Швајцарија, Белгија, Луксембург, Канада и Колумбија дозволуваат потпомогнато самоубиство, иако секоја од нив има различни правила. Речиси сите земји кои ја дозволуваат оваа практика бараат од луѓето да имаат неизлечива или терминална состојба која не може да се излечи и предизвикува нивно страдање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

