Контакт

Македонија

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Објавено пред

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”.

Таа најави дека со новинарите ќе се гледа и на суд, каде што ќе се објаснат многу дилеми.

„Мојот телефон не беше форматиран, а не знам дали ќе се прошири истрагата. Јас не чувствувам вина, ќе има судење и ќе имате можност да видите како се одвива“, рече Јанева.

На прашањето зошто на распитот била со адвокат, шефицата на СЈО, во оставка, одговори дека секој пат има право на правни консултанти.

По совет на адвокатот Стеван Павлески, Јанева не даваше дополнителни одговори на прашањата, а го прескокна и прашањето дали знае каде се парите земени од Орце Камчев.

Таа рече дека не знае каде е Орце Камчев, а за обвинувањето од обвинителката Лиле Стефанова, која изјави дека Јанева барала затворање на предметот „Поштенска банка“ под услов осомничените да ги вратат парите, но да не бидат обвинети, таа рече дека ќе има време и ќе се објасни и за тоа.

Македонија

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Објавено пред

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство.

Средбата што ќе се случува во Собранието е прва по лидерската средба на претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што се одржа на почетокот од овој месец, а на која не беше изнајден заеднички јазик за овој закон.

Мицкоски по лидерската средба рече дека планот на Заев бил да не биде постигнат договор. Тој обвини дека премиерот сака да го контролира обвинителството за да не одговара за „Рекет“. Од друга страна, премиерот Заев по лидерската средба изјави ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија. Заев е дециден дека Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангеловска ќе биде промовирана за „жена-амбасадор на дигитална трговија” на годишното собрание на ОН

Објавено пред

Министерката за финансии Нина Ангеловска е една од седумте жени претприемачи во светот, избрана за „жена-амбасадор на е-трговијата“ од страна на Обединетите нации (ОН). Во рамки на 74-то Генерално Собрание на ОН, кое се одржува од 23 до 26 септември во Њујорк, Ангеловска ќе биде промовирана како една од првите „жени-амбасадори на е-трговија“.

Станува збор за исклучително и уникатно признание кое го доделува телото на ОН за трговија, инвестиции и развој УНКТАД (Конференција на ОН за трговија и развој), во рамки на иницијативата „Е-трговија за сите“.

„Жените-амбасадори на е-трговија“ ќе им се придружат на светските лидери во разгледувањето на досегашните резултати од имплементацијата на Агендата 2030 – Цели за одржлив развој на Обединетите нации и ќе дискутираат за унапредување на оваа агенда.

Од УНКТАД иницијативата – „Е-трговија за сите“, истакнуваат дека „супер седумката“ е избрана со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите кои ги носи глобалната дигитална економија, која е во постојан развој.

„За забрзување на економскиот раст и намалувањето на сиромаштијата во земјите во развој, потребно е да се искористи позитивното влијание на дигиталната технологија во комбинација со трансформативната моќ на претприемништвото кај жените“, се вели во објавата на УНКТАД.

Покрај министерката Ангеловска, која ова признание го добива како ко-основачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, останатите избрани „амбасадорки на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико ко-основачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Синоќа над 30 лица возеле пијани низ скопските улици

Објавено пред

Во текот на изминатата ноќ, полицијата санкционира 33 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во Скопје.

На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи, јави МВР.

Откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.
Спроведена била и аакциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози, соопштија од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион49 минути

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 час

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа3 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Регион3 часа

(Видео) Најмалку 105 повредени лица во земјотресите во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во земјотресите што ја погодија вчера Албанија, информираа властите синоќа околу полноќ. Во потресот, оштетени...

Култура13 часа

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија18 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ19 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ20 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ23 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет1 ден

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет1 ден

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ1 ден

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ1 ден

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет1 ден

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Досие