Македонија
Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места Дебреше, Житоше и Борин од општина Долнени.
Никој не бил полегитимен претставник од нас, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да бидеме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа, рече Ахмети.
Работите се толку напорни, но ви ветувам дека повторно ќе дојдам во секое населено место, сум бил и пак ќе дојдам. За прв пат се случува да ги имаме сите со нас, Бошњаци, Турците. Зошто ги земаме сега? Бидејќи станавме силни, за албанското прашање сме имале многу заложби, а сега овој Фронт е изграден како челик, не само за овие, туку и за следните избори. Немало полегитимни претставници отколку што сме биле ние, сега сме уште посилни со Фронтот, мора да се здружиме сите и да бидеме сигурни дека заедно сме браќа. Имаме уште многу работа и овој сојуз е направен затоа што регионот мора да има стабилност, имаме војна насекаде како во Украина и на Блискиот Исток, мораме да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ја снајде земјата ако ги ставиме Бугарите како уставна категорија, Охридскиот договор не направи ништо лошо за државата, изјави првиот човек на ДУИ Ахмети.
Понатаму, кандидатот за пратеник Муса Џафери изјави дека резултатот од 24 април бил максимален. Овие две општини го дадоа својот максимум и се надевам дека и во Долнени ќе победиме како и во Крушево. Имавме еден резултат што Европскиот фронт ја прави прва партија во Долнени и ова е најголемата победа, нагласи Џафери.
Другиот кандидат за пратеник, Исмаил Јахоски, рече дека ни треба уште поголема победа. Сите треба да размислиме на 8 мај да прославиме уште една поголемата победа. Како Фронт заслужуваме повеќе, бидејќи секогаш сме биле на ваша услуга и ќе продолжиме со истиот тренд, подвлече Јахоски.
Додека кандидатот за пратеник Мунир Колашинац, рече дека и ние како Бошњаци имаме свои права кои мораме да ги оствариме, а тоа можеме да го направиме само ако сме заедно како што сме сега. И сето тоа е заслуга на нашиот лидер и визионер, Али Ахмети. Сакам да ве замолам за една чест што како Бошњаци за прв пат ги надминуваме сите предизвици и гласаме за да ги оствариме нашите права, затоа што само така ќе можеме, мора да ја поддржиме оваа иницијатива на г-дин Ахмети да го трасираме патот за уште 100 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

