Топ
Велосипедист загина на патот Тетово – Брвеница
Велосипедист загина вчера попладне во сообраќајна несреќа на патниот правец Тетово – село Брвеница.
Како што информираат од МВР, автомобил „Бе-ем-ве“, управуван од 22-годишен тетовец, удрил во 61-годишен велосипедист од тетовското село Долно Седларце, кој починал веднаш, на местото на настанот.
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово, а полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“
Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт, Арбр Адеми.
„Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, изјави Адеми.
Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.
Според резултатите објавени на страната на ДИК, од досега пребројаните гласови, Европскиот фронт на ДУИ освоил 90.151 или 16,59 отсто, додека Влен има 73.893 гласа или 13,60 проценти.
Македонија
Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто
Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти СДСМ со 46.385 гласови или 12, 51 отсто.
Коалицијата „Европски фронт“ има 19,37 отсто, односно 71.786 гласа, а Влен 60.779 (16,40 отсто).
Левица, според податоците има 22,050 гласови (5,95 отсто), а ЗНАМ 16.109 (4,35 отсто).
Резултатите постојано се ажурираат на веб страната на ДИК.
Македонија
Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК
Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати на ДИК.
Од обработените податоци, Силјановска има 148.568 гласа, односно 62,74 отсто, наспроти нејзиниот опонент со 71.906 гласа, односно 30,37 отсто.
ДИК претходно објави дека постигнат е цензусот за претседателските избори.