Топ
(Видео) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Два предмета од првите 18 кои антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на функционерите веќе се затворени.
Станува збор за случаите поврзани со ќерката на пратеничката Емилија Александрова, која имало информации дека се вработила во Фондот за иновации, но констатирале дека таа не конкурирала воопшто и не се вработила таму. Додека другиот случај е поврзан со сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за која утврдиле дека работела во училиштето и пред сопругот да биде избран за градоначалник, но со договор на дело и потоа по автоматизам се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.
За вработувањето на ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, која работи на предметот, вели дека се бараат дополнителни информации за случајот, појаснувајќи дека според стручноста, Бесија Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување каде имало пријавено тројца кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД, привремено ќе бидат вратени додека трае жалбената постапка низ судскиот систем, одлучи Сојузниот жалбен суд.
Одлуката доаѓа откако панел од тројца сојузни судии заклучи дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на глобалните царини, повикувајќи се на закон што овозможува итни мерки во надворешнотрговската политика.
На почетокот на годината Трамп воведе универзална царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи. Најави уште повисоки стапки за земји како Мексико, Канада и Кина. Ги прошири таканаречените индустриски тарифи со дополнителни 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили.
Трговскиот суд пресуди дека претседателот нема законско овластување да наметнува огромни тарифи врз основа на Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби (IEEPA). Пресудата не вклучува индустриски царини, кои почиваат на друга правна основа.
Белата куќа веднаш поднела жалба, а Апелациониот суд за Федералното подрачје одобри привремено задржување на пресудата:
„Барањето за привремено одлагање се уважува до степен до кој пресудите и трајните забрани на Стопанскиот суд се привремено прекинати до дополнително известување, додека овој суд го разгледува жалбениот предмет“, се вели во одлуката.
Тоа значи дека тарифите на Трамп остануваат во сила додека трае процесот на жалба.
Иако привременото враќање на тарифите е победа за Белата куќа, правната битка е далеку од завршена. Одлуката на судот за привремената суспензија не го прејудицира конечниот исход, но му дозволува на Трамп да задржи инструмент за трговски притисок додека трае правниот процес.
Питер Наваро, еден од најблиските економски советници на претседателот Доналд Трамп, ја коментираше оваа одлука набргу по нејзиното донесување и рече – „Трифната агенда на Трамп не успорува, без оглед на правните пречки“.
Говорејќи откако Апелациониот суд привремено ги врати тарифите претходно укинати од Трговскиот суд, Наваро рече дека Белата куќа е подготвена да оди пред Врховниот суд за да ја брани уставноста на своите трговски политики.
„Подготвени сме да одиме понатаму во ланецот“, рече Наваро, јасно укажувајќи дека Врховниот суд останува клучна фаза во одбраната на овластувањето на претседателот да наметнува тарифи.
Свет
Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата работа

Беелата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата услуга, откако милијардерот објави дека ја прекинува својата вклученост во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.
„Му благодариме за неговата работа. Му благодариме што го основаше DOGE (кратенка од неговиот Оддел за владина ефикасност), а напорите за намалување на измамите и злоупотребата ќе продолжат“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
Таа одби дополнително да коментира за заминувањето на милијардерот кој оваа недела првпат го критикуваше неговиот близок сојузник Трамп.
Маск вчера потврди дека ја завршува својата мисија за намалување на федералните трошоци.
„Како што завршува мојот мандат како специјален вработен во владата, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп што ми даде можност да ги намалам непотребните трошоци“, напиша претприемачот во средата на својата платформа за социјалните медиуми „Икс“.
„Мисијата Doge ќе стане уште посилна во иднина и ќе стане начин на живот во владата“, рече шефот на „Тесла, „Слејс Икс“ и „Икс“.
Членовите на администрацијата на Трамп ќе работат со персоналот на DOGE во различни федерални агенции за да ги унапредат постоечките напори, објави во четвртокот Белата куќа.
Министрите тесно соработуваа со Илон Маск и ќе продолжат да соработуваат со вработените во DOGE кои им се приклучија на сите овие агенции откако беа назначени од претседателот, изјави Левит за новинарите.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.