Македонија
(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот
МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија, оценува безбедносниот аналитичар за воено-политички прашања, Благоја Марковски. Според него, очигледно е дека Груевски сам не можел да го организира целиот план за бегство, туку му помогнале луѓе од внатре, но и надвор од државата. Груевски имал помош од свои поддржувачи и соработници, платеници, но и странска помош од државите каде што тбарал засолниште, се сомнева Марковски.
– Со оглед на сериозноста на пресудата и она за што е обвинет, полицијата морала да води сметка за секое движење, не ѝ е должност само да лекува последици, туку има обврски и во превентивна смисла. Вториот сегмент е СЈО, без оглед што имаше барање за притвор во 2016, не го ослободува од одговорност дека можело и по тоа, да бара притвор, особено по изрекувањето на правосилноста на пресудата. И, трето, судиите можеле да проценат врз основа на изречената казна како и другите судски процеси дека тој може да почне да размислува за ова што го направи – вели Марковски.
Голем дел од вината Марковски ја лоцира кај безбедносните структури, кои, според него, постапиле аматерски и непрофеисонално бидејќи тие требало да имаат информации за сите негови средби и планови, врз основа на движењето на Груевски во изминатиот период.
– Доколку се постапувало професионално, ќе се откриело и превентивно ќе се пресретнело бегството. Очигледно се постапувало аматерски, неодговорно. Не сакам да верувам дека е тоа наменски направено, ама ако е така, ќе има сериозни поселдици за државата – додава Марковски.
Детален извештај за пропусти, неажурност и непочитување на законите од страна на МВР и кривичниот суд, денеска објавија и петнаесетина невладини организации, кои тврдат дека дека лицата задолжени за обезбедувањето на Груевски не смееле да го остават лицето необезбедено, а судот требало порано да издаде наредба за приведување.
Од Обвинителството, пак, соопштија дека отвориле истрага по допрен глас поради основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувањето, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

