Економија
(Видео) Миновски: Мицкоски во АД ЕЛЕМ склучувал договори во четири очи, компанијата прави ревизија на договорите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешен директор на АД ЕЛЕМ во четири очи со склучил два договори со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и Марковски, двата во вредност од 10,5 милиони евра. Со Пелистер, веднаш по неговото назначување на функцијата, на 3 ноември 2016г, за сума од 5,7 милиони евра, а три месеци подоцна и со Марковски – за 4,8 милиони евра, обвини директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.
„Споредбено по гигаџул, Пелистер во моментов копа по 87,8 денари за гигаџул, додека во време на Мицкоски Пелистер копал по 96 денари по гигаџул. А Марковски – по 90денари по гигаџул“, рече Миновски додавајќи дека ова е одговорот на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ за цената по која се врши ископот во РЕК Битола.
Миновски информираше дека овие два договори, но и многу други кои биле склучени додека Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, се предмет на внатрешна и надворешна ревизија во компанијата. Резултатите од ревизијата, Миновски најави дека ќе бидат готови за кратко време по што ќе ги изнесе во јавноста.
Во однос на прозивката за условите во тендерот по редовна постапка кој е во тек, за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, Миновски кажа дека по откажувањето на Трансмет од ископот, во февруари годинава, со што сериозно било загрозено производството на електрична енергија и електроенергетскиот систем на државата, се покажало како неопходно во иднина да се заострат условите во тендерите, со цел да се оневозможи повторно работата во РЕК Битола да ја добие фирма која, како што кажа, е само фиктивно способна и има технички ,кадровски и организационен капацитет да врши ископ, а во суштина на терен да не може да го оствари тоа.
„Од овие причини во тендерот за редовната постапка беше поставен услов фирмите кои сакаат да конкурираат, во последните три години да имаат ископано најмалку 900 илјади тони јаглен“, рече Миновски.
На оваа одлука на ЕЛЕМ, еден оператор се пожалил до Државната комисија за жалби по јавни набавки по што комисијата ја одбила жалбата како неоснована. Но и покрај тоа, од страна на АД ЕЛЕМ била проширена можноста – да може да се пријават и фирми кои имаат ископано покрај јаглен, или 1 милион м3 јаловина( земја или карпест материјал) или руда. Значи,
„Иако комисијата не ни наложи да ставаме дополнителни услови, иако беше проценето дека тендерот овозможува конкурентност, АД ЕЛЕМ самоиницијативно одлучи да додаде уште еден услов со цел да обезбеди уште поголема конкурентност, но конкурентност само на сериозни фирми. Значи, условите се и натаму доволно ригорозни за да спречат да се пријави или уште повеќе да победи некоја фирма од калибарот на Трансмет , кои само можат да направат штета на комбинатот и на целиот производствен процес, рече Миновски.
Директорот на ЕЛЕМ истакна дека кога ја презел функцијата во август 2017г забележал дека претходното раководство ги оставило акумулациите на историски најниско можно ниво, преисцрпени од непланското искористување. Но сепак поради силните врнежи и топењето на снегог забележано е обилно полнење на акумулациите, и на природните и на вештачките езера во Р. Македонија.
„Ние со максимални напори го одржувавме балансот и на Охридското езеро и по течението на Дрим и во нашите акумулации, се со цел да не се нанесе штета на околните населени места, и во тоа, во такви екстремни услови какви што и самите знаете дека беа – сепак успеавме. Хидроелектраните максимално работеа и тој вишок електрична енергија сега ќе биде продаден“, истакна Миновски.
Актуелнот директор на денешната пресконференција покрај другото ги искоментира и проектите кои Мицкоски ги оставил за себе за кои вели дека не се онолку развојни колку што сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ги фалел. Конкретно се работи за најавените но не извршените проекти Рајски парк, пешачко – велосипедска патека на езерото Козјак, ски центарот на Водно, катната гаража и конгресниот центар во Охрид, ски патеките и вештачките снегови.
„ За разлика од неговите развојни проекти кои Владата ги запре, ние како нов менаџмент почнавме постапка за изградба на нови ветерни електрани, нови фотоволтаични електрани, електростатски филтри во РЕК Битола и страндардизирано отпепелување, модернизација на ТЕЦ Осломеј, и други проекти за кои допрва ќе ја известиме јавноста. Сами направете компарација што е развоен проект, а што не е развоен проект и е залудно трошење државни пари“, рече Миновски.
Тој додаде дека покрај недомаќинското раководење на Мицкоски со ЕЛЕМ, тој оставил и еден расипан генератор во хидроелектраната Козјак, еден генератор во хидроелектраната Врбен, ненаправени ремонти во РЕК Битола, поплавени рудници во РЕК Битола, депонија со само 100 илјади тони јаглен пред почетокот на зимата, ТЕЦ Осломеј надвор од функција и уште ред други ненаправени зафати кои се неопходни за нормално функционирање на компанијата и 12 проценти помалку расположливи производни капацитети.
Во делот на финансиите, директорот Миновски рече дека Мицкоски оставил 17,8 милиони евра депозити во банките на име на АД ЕЛЕМ и 7,3 милиони евра расположливи средства, но и не исплатен К 15 за 2017г како и 5-процентниот додаток на плата за работниците кои одат во смени, за 2016 и за 2017.
„За разлика од него, ни го исплативме К-15 за 2017 кој Мицкоски не го исплати, и исплатен е и 5-процентниот додаток кој Мицкоски исто така не го исплати за целиот период наназад, исплатени се сите ремонтни активности и поправки, и во овој момент на сметката на АД ЕЛЕМ има 25 милиони евра депозити, и уште 20 милиони евра расположливи средства, или вкупно 45 милиони евра, значи два пати повеќе од тоа што остави Мицкоски“, вели Миновски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

