Македонија
(Видео) Османи: Потребата за ново министерство е поврзана со рамковниот договор
Не е ново министерство, туку трансформирање на секретаријатот во министерство, вели вицепремиерот Бујар Османи за иницијативата доставена до Собранието за законски измени со кои се предлага формирање на Министерство за политички систем и односи со заедниците. Според него, истиот кадар од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе се префрли во министерството и тврди дека нема да има дуплирање на надлежности и активности. Османи вели дека засега нема намера да бара и Секретаријатот за европски прашања, со кој тој раководи, да прерасне во министерство.
„Имајќи предвид дека легислативата од рамковниот договор е исполнета со законот за јазииците, сега повеќе фокусот ќе биде на имплементација на законските решенија во духот на Охридскиот договор и новите договори кои ги има склучено државата, мислиме дека таквото министерство ќе има нов опфат и нова поставеност и поголема ефикаснот во реализација на обврските“, рече Османи.
На предлогот за формирање ново министерство, доставен до Собранието, потпишани се Јован Митрески од СДСМ, Артан Груби, Џеват Адеми, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Алими од ДУИ, Панчо Минов, независен од ГРОМ, и Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за два закона – Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во образложението на предлогот пишува дека ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства, но не се наведува колку. Предвидено е да стапи во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“, но дека ќе се применува од 1 јуни 2019.
„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите што произлегуваат од овој договор, како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во образложението на законските измени, а на дневен ред на Собранието ќе се најдат на 14 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

