Европа
(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на натамошното ширење на пандемијата. Апсењата следеа затоа што демонстрантите извршија голем број прекршоци, вклучително и „кршење на рестриктивните мерки донесени за сузбивање на ширењето на коронавирусот“, објави на твитер лондонската полиција.
First arrest at antilockdown protest taking place at King's Cross Station, London. Police cited covid restrictions before the arrest. #kingscross #antilockdown pic.twitter.com/AuqMKk2h0P
— Urban Pictures (@Urban_Pictures) November 28, 2020
Полицијата претходно ги повика жителите на Лондон да не учествуваат во демонтрациите, чие одржување е забрането како дел од рестриктивните мерки во земјата. Демонстрантите се уапсени за различни кривични дела, вклучувајќи напад врз полицаец, поседување дрога и кршење на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на пандемијата.На демонстрантите, кои протестираа против ограничувачките мерки, им се придружија и групи кои се спротивставуваа на примање вакцини за Ковид-19.Мерките за карантин во Англија ќе бидат на сила до 2 декември.
Протести се одржаа и на германско-полската граница. Во придружба на бројни припадници на полицијата, се одржа протест во Франкфурт на Одра, на границата со Полска, против ограничувачките мерки воведени со цел да се потисне натамошното ширење на пандемијата.Според полицијата, околу 1.500 демонстранти учествувале во протестите организирани од иницијативата „Кверденкен“, кои заедно со истомисленици од Полска изјавиле дека сакаат да се залагаат за став што ги рефлектира „мирот и слободата“.
Демонстранти се собраа и во поголемите хрватски градови против новите епидемиолошки мерки.Тие протестираа во Загреб, Сплит, Риека, Осиек, Задар и Шибеник, но во мал број. Полицијата го следеше секој од овие протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин