Македонија
(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка
По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад на земјиштето во дворот на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, „Макфакс“ дознава дека инвеститорот им ветил на газдите на околните фирми дека ќе ја одложи или ќе ја дислоцира изградбата. Сопственикот на „Екоклуб“ ДООЕЛ Битола, Сашо Јанакиевски, кој заедно со партнер од Германија требал да почне со изградба на погонот за преработка на медицински отпад вели дека се откажува под притисок на соседните фирми, но, сепак, за иднината на изградбата треба да реши компанијата од Германија. Тој тврди дека нема никаква опасност за околината од оваа инвестиција и дека депониите на кои се хранат животни се многу поголема закана за здравјето на луѓето.
„Не ми е јасно зошто се крена толкав прав во врска со изградбата на погонот за преработка на медицински отпад. Тоа е сосема безопасно за околината. Ова го тврдам најодговорно како компанија што опстојува од 1990 година. Ние постојано правиме проверки во акредитирани лабаратории под надзор на инспекторите од Министерството за животна средина. Станува збор за стерилизација и на сечкање на отпадот и тоа не е никаков загадувач“, вели Јанакијевски.
Според него, ѓпекулациите дека тука може да се преработува увезен ризичен отпад се сосема неточни бидејќи според сите закони и конвенции Македонија не смее да увезува отпад. Големите стравувања на граѓаните поради актуелниот проблем со загадениот воздух во овој случај според Јанакиевски не се оправдани.
„Има два вида на преработка на медицискиот отпад, со согорување и со стерилизација. Постапката со согорување одамна не се практикува, додека оваа со стерилизација е утврдено дека е сосема безопасна за околината. Тоа го потврдуваат компетентни лица од универзитетите. Во оваа постапка се користи струја и вода, и нема никакви последици врз здравјето на луѓето. Кај нас медицинскиот отпад е можеби единствен за кој може да се каже дека системски се менаџира, односно сите амбуланти и ординации се влезени во систем кој е под контрола на тоа каде и како се изнесува отпадот“, вели Јанакиевски.
Што се однесува до инсустрискиот и останатиот отпад во Македонија, тој вели дека тој и натаму не се менаџира организирано и дека треба да се работи на оваа проблематика.
Минатата недела уплашени од опасноста и штетните последици од ваква фабрика во нивна близина, сопствениците на околните фирми потпишуваа петиција за да се стопира оваа изградба.
Општина Гази Баба дозволата ја издала во 2014 година и е потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски. За изградбата се чекало досега за да се затвори финансиката конструкција.
Инвеститор е фирмата „Екоклуб“ ДООЕЛ Битола, чија основна дејност е манџирање со отпад од 1990 година. „Екоклуб“ има договор за соработка со „Дрисла“ за вршење услоги на преработка на опасен медицински отпад.
Инспекцискиот надзор од Министерството за животна средина е извршен врз основа на Законот за животна средина член 36, составен во ТДС. КУ „Екоклуб“ – Битола подружница Скопје бул„Јане Сандански“ бр. 71А/А45 Скопје, Аеродром во март годинава во 12 часот. Предметот на надзор се однесувал на Емисија на штетни гасови при термички третман на медицински отпад со автоклавирање (стерилизација) во кругот на МЗТ КО Маџари – Гази Баба Скопје.

„ТДС ‘Екоклуб’ ДООЕЛ Битола – подружница Скопје Автоклав за дезинфекција на медицински отпад, во кругот на МЗТ- Скопје, постапиле по решението државен инспекторат за животна средина бр. 11-46 од 6.02.2018 година на 9.02.2018 година, извршиле мерење на концентрации на загадувачки супстанци од емитер (вентилациски испуст) на 23.02.2018 од процесот на дезинфекција и пресување на медицински отпад со помош на електрична енергија и вода на температура од 160 степени Целзиусови и притисок на пареа од 5 бариили 0,5 мегапаскали (?). Мерењето е извршено од компетентна лабораторија при што е изготвен лабораториски извештај од тестирање“, пишува во записникот.
Според известувањата од лабораториите од затекнатата состојба се гледа дека не е констатирана штетност, односно сите емитувања на штетни материи се многу пониски од алармантните референци за опасност.

Сепак, овие не беа доволни да ги смират оние што се во непосредна близина на локацијата одредена за оваа градба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Oбиколница за Прилеп и автопат од Фариш, најави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.
Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.
„Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.
И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат”, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.
„Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме“, изјави вицепремиерот Николоски.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.

