Македонија
Владата даде дозвола за набавка на вакцини преку „Ковакс“

Владата даде дозвола за договорот за набавка на одобрената вакцина против Ковид-19 преку Ковакс-механизмот, информираат од владиниот кабинет по 46. владина седница.
Образложуваат дека за спроведување на набавката, вакцината мора да биде одобрена.
„Оттаму, Владата даде согласност за склучување анекс на договорот во кој одобрена вакцина значи вакцина против Ковид-19 во однос на која Глобалниот сојуз за вакцини – ГАВИ има стапено во обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација, стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од строго регулаторно тело или список за употреба во итни случаи на СЗО“, стои во писменото соопштение.
Договорот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини протв Кивид-19 беше склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини – ГАВИ (GAVI ALLIANCE), објаснуваат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка