Топ
Мигранти од Индија, Пакистан и Авганистан пронајдени во куќа во Ваксинце

(Фото: Илустрација)
Четиринаесет мигранти од Индија, Пакистан и Авганистан биле пронајдени во куќа во Ваксинце.
Според информациите на МВР, полициски службеници вчера во времето од 21 до 22,50 часот извршиле претрес во домот и други простории кај Б.А.(44) од село Ваксинце при што биле пронајдени 14 мигранти и тоа шест од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан.
Б.А. е приведен и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок против него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Македонија
Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под контрола, информираше утринава градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе луѓе, меѓу кои и Територијалните противпожарни единици од Делчево и Македонска Каменица, Шумското стопанство, Гранична полиција, МВР и други.
Според еден од пожарникарите кој учествуваше во гаснењето на огнената стихија, делчевчани особено треба да бидат горди, бидејќи голем број граѓани-доброволци се вклучиле во гаснењето на пожарот, заедно со институциите кои биле на терен.
-Од оваа вечер треба да бидеме особено горди како делчевчани. Јас, како вработен во Единицата со факултетско образование од областа на безбедноста, од правилната реакција констатиравме со мојот колега Сашо Мановски и полицијата дека пожарот е подметнат на две одделни места. Јавно сакам да им се заблагодарам на сите учесници во гаснењето на пожарот во Косово-Дабје, на огромната пожртвуваност и борбата на сите институции, како и на големиот број доброволци, меѓу кои и ендуро-тимот од нашиот град, младите луѓе, Шумското стопанство, полицијата, ТППЕ Делчево, ТППЕ Македонска Каменица, Делчево365.мк, и другите општествено одговорни фирми, кои спречија голема катастрофа за нашиот град. Постоеше голема опасност да изгори нашата прекрасна планина Голак. Секоја чест за сите борци, истакна Јонче Атанасовски, пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарот.
Пожарот кај Косово Дабје избувна непосредно по завршувањето на концертот што исто така синоќа во Делчево се одржа на летната сцена, како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 септември.
Македонија
Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по производите од брендот „Винчини“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.
„При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, рече Ангелов.
Пожарот направи голема штетата на фирмата „Макпрогрес Винчини“, која е и најголемиот стопански објект во оваа општина. Пожарот избувна во 18:40 часот и во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.
На терен веднаш излегоа екипите на Противпожарната единица на Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, а помогнаа и противпожарните служби од Кочани, Македонска Каменица и Штип, Пробиштип, Струмица, Кавадарци и Велес, кажа Ангелов. Огнот се прошири вдолж фабриката, а жители на Виница со куќи во близина на огнот стравуваада не се прошири и кон нив.
Основана е пред 35 години, „Макпрогрес Винчини“ е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија, 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 45 држави.