Македонија
Министерот најави вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани

Министерството за здравство го добило дописот од Комитетот за имунизација кој препорачува трета доза од вакцините против корона да примат лица кои се имунодефицитарни.
Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата со трета доза ќе стартува од неделава. Посочи дека вакцините се безбедни, како и дека од милион дадени дози, нема никаква посериозна компликација.
„Препорака од Комитетот за имунизација е да се препорача трета доза вакцина за луѓе кои се имунокомпромитирани. Според препораката на здравствените институции во САД. За тоа ќе бидат пациенти кои се на хронична дијализа и некои други пациенти кои се имунодефицитарни. Денеска дојде препораката, ќе се официјализира и веќе во текот на неделата ќе стартува“, рече Филипче.
За сите граѓани кои се враќаат од Авганистан, ќе се бара да бидат во 14-дневна изолација.
„Задолжителен 14-дневен карантин. Утре ќе се дискутира за ова. И да се препорача вакцинација за сите кои по тој систем ќе влезат во нашата земја. Мал број на луѓе се, но тоа се препораките“, додаде Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).