Свет
Насилни протести во Чиле поради недостиг на храна
Жителите на сиромашното предградие на Сантјаго се судрија со полицијата во знак на протест поради недостигот на храна за време на карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Демонстрантите извикуваа пароли против владата за која веруваат дека ги остави на цедило.
„Не станува збор за карантинот, на луѓето им е потребна помош во овој момент, храна“, вели Вероника Абарка.
Демонстрантите фрлаа камења, а полицијата одговори со солзавец и водни топови, при што се уапсеи и неколку демонстранти.
Владата на премиерот Себастијан Пињера во петокот прогласи карантин за сите жители на главниот град, каде што се концентрирани 80 проценти од заразените со коронавирус. Но, економската активност во земјата е забавена со месеци, а најпогодени се трговијата, градежништвото и разните услужни сектори.
Општината Ел Боске соопшти дека е влошен квалитетот на животот на граѓаните и дека недостига грижа на централната власт за најсиромашните.
„Денеска, протестираат жителите кои не можеа да работат повеќе од еден месец и не виделе конкретни мерки на државата“, напиша градоначалникот Сади Мело.
Уште пред кризата предизвикана од коронавирусот Чиле, во кое живеат околу 18 милиони луѓе, се соочи со социјални немири и насилство, што почнаа во октомври по зголемувањето на цената на билетот за метрото во Сантјаго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

