Македонија
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за ,,Ровер”
Со три доживотни казни затвор за извршителите и ослободителни пресуди за другите обвинети во случајот „Ровер“ заврши судењето за овој случај за кој третпат се судеше во Кривичниот суд во Скопје. Судијата Илија Трпков изрече ослободителна пресуда за ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
Предметот за случајот „Ровер“, во кој обвинет беше поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, третпат почна од почеток со судење во 2015 година.
Обвинението за „Ровер“ е за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, што се случи во Скопје во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.
Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, тогаш беше осуден за помагање убиство и доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, а на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.
Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин, кому му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

