Контакт

Топ

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Објавено пред

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.

dobivaj vesti na viber

-Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Македонија

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

Објавено пред

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500, како што бараа работниците, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, на седницата што се одржуваше на улица, на три локации, донесе одлука функционерите да бидат ставени на минимална плата до наредното законско усогласување на минималната плата. Одлуката ја донесоа на јавната седница што почна пред Работничкиот дом, каде што го утврдија дневниот ред, продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а заврши пред Владата.

dobivaj vesti na viber

„Непочитувани функционери, тргнавме 300 од пред Работничкиот дом, дојдовме 1.080 пред Влада, толку колку што има функционери. Еден на еден. Со време повлечете ја незаконската одлука за утврдување на висината на износот на минималната плата. Со време намалете си ги вашите плати на минималната да почувствувате макар и една година колку им е тешко на работниците. Запрете ги нападите врз синдикатите, на таков начин не се води демократија. Денеска сме тука да ви упатиме последна порака, не може да се одлучува за нас без нас. ССМ пред две години организира генерален штрајк во целиот јавен сектор. На чекор сме до генерален штрајк во целата држава. Ќе дојдеме и 3.000, ќе дојдеме и 30.000. ССМ ви донесе одлука – сите на минималец. Доколку не ја почитувате, можен е генерален штрајк, а доколку не ги зголемите платите на работниците, возможни се протести“, порача пред Владата, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, и побара таа да ја повлече одлуката за зголемување на минималната плата за 1.890 денари.

Неговиот говор беше проследен со аплаузи и силни извици на поддршка, кои прераснаа во долги свирежи кога ја испрати последната порака.

„За крај ќе дозволите да упатам една порака иако знам дека не сте на работа во Владата, за жал. Од нашиот труд е вашиот луксуз. Тоа што го предложив вчера, го предлагам и денес. Христијан и Слободан на минимална плата. Најмалку 500 евра минимална плата во Македонија и 100 евра зголемување на сите други плати. Дојдете да живеете како нас, а ние ќе живееме како вас. Или ние 2.500 евра плата или вие 500 евра. Сами изберете. Немојте да заборавите дека работникот ве избира и дека многу лесно, како претходните, од удобната функционерска фотелја ќе се симнете на тврдо работничко столче“, рече Трендафилов.

Потпретседателот на ССМ, Трпе Деаноски, рече дека сегашната Влада е прва во историјата на државата по многу нешта.

„Вие сте првата Влада во историјата на Македонија што донесе одлука за минимална плата, без учество на синдикат, првата Влада во историјата на Македонија која смислено му ја одзеде репрезентативноста на ССМ само да нема Економско-социјален совет, првата Влада во историјата на Македонија, која 129.000 вработени во јавен сектор, кои зависат од минимална плата, ги остави да ги изедат газдите од приватниот сектор“, рече Деаноски.

Пред Стопанската комора на Македонија раководството на ССМ им се обрати на работодавците.

„Денеска е последниот ден кога ќе кажам почитувани работодавци, а не газди. Денеска сме тука пред вас да ви подадеме рака да ги зголемите нашите плати за нашите работници да останат во Македонија. Да не бидете најголемите виновници за иселувањето на работниците од Македонија во наредниот период, да не бидете виновни за работничкиот егзодус“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Пред Собранието, пак, ССМ донесе едногласна одлука да ги намали луксузните пратенички плати на минимална плата сè додека не ја зголемат минималната плата на 500 евра.

„Вашите плати, сега 79 % зголемени, не ги заслужувате и затоа дојдовме тука, поради фактот дека вие не одлучувате за нас, ние ќе одлучиме за вас“, рече Трендафилов пред Собранието и лично праша дали пратениот што најмногу ја критикува синдикалната борба, Бране Петрушевски, е на работа денес.

ССМ ја заврши јавната седница со порака до власта да ги симнат розовите очила, да слушаат вести и да читаат коментари на социјалните медиуми оти никој не е задоволен од она што го прават.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден во Шведска. Во согласност со протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

dobivaj vesti na viber

Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и во Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и воПолска по еден пациент.

Во Скопје на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќањето од Полска, тој денеска се пушта на домашно лекување.

На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а на хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ има 6 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ се хоспитализирани тројца пациенти.

Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Објавено пред

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара преку медиуми. Јас сум сериозен човек и најмалку што треба е да се прави естрада на јавна сцена, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција рече дека е потребен концепт за нов општествен и политички дијалог и дека е спремен во следните денови за ова да разговара со премиерот.

dobivaj vesti na viber

На новинарско прашање дали ќе има среда со Филипче, Мицкоски рече дека стои на располагање во секое време.

„Јас кажав дека ова е сериозна тема и за сериозна тема се седнува и се разговара. За мене е непристојно преку медиуми да се разговара. Јас реков, подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ да го образложи планот, бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек и најмалку што треба е да се прави естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време, на полноќ на полноќ, после полноќ после полноќ. Кога ќе каже тогаш, да го сослушам неговиот план и да видиме дали може со тој план нешто да се реши“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека, сепак, нема да прифати секакви планови.

„Доколку планот опфаќа „пристап Стабри“ како што беше за време на короната, тогаш јас такви планови не можам да прифатам“, рече Мицкоски.

Претходно тој го повика Филипче на средба, а лидерот на СДСМ денеска на прес-конференција рече дека е подготвен за разговор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија1 час

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија3 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија3 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија4 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија4 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ4 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија7 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија8 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија10 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија10 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија10 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија18 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија20 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија22 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија22 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија23 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија23 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија1 ден

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...