Топ
Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за исчезнат.
Во четвртокот заминал на риболов во атарот на село Илиово, по што му се изгуби трагата.
Од МВР соопштија дека бил пронајден заглавен во неговиот автомобил во реката.
Неговото тело и возилото синоќа биле извадени на копното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците, со цел подобра информираност на потрошувачот и за олеснување на споредливоста на цените, предвидуваат измените на Законот за заштита на потрошувачите кој што е поднесен од парламентарното мнозинство.
Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека на денешната седница во понатамошна парламентарна постапка ќе помине Законот со кој што се уредува обврската за трговецот да ги означува и да ги објавува стоките со продажната и единечната цена за стоките на недвосмислен, видлив и читлив начин, а со цел подобра информираност на потрошувачот и за олеснување на споредливоста на цените.
„Големите, средните и малите трговци кои вршат дејност на трговија на мало, со шифра 47 согласно со Националната класификација на дејности, се должни на својата веб страница да ја објават одделно за секој свој продажен објект тековната продажна односно единечна цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба. Усогласување на цените ќе се врши на дневна основа, а при објавувањето на цените ќе се применуваат одредбите од овој Закон за означување на цените“, рече Стојаноски.
Исто така, како што додаде, со овој Закон се дава овластување за министерот за економија и труд да го пропише со подзаконски акт начинот на објавувањето на цените на стоките и податоците кои што треба да се објават согласно со ставот 1 од овој член.
„На ваков начин ќе се обезбеди основа за подобра информираност на потрошувачите за цените на стоките кои сакаат да ги купат и ќе се олесни споредливоста на цените. Исто така, даваме и овластување на инспекторите да постапуваат на терен и да казнуваат доколку овој основ не биде застапен во маркетите“, рече Стојаноски.
Образложи дека одредбите од членот 15 од овој Закон нема да се однесуваат за микро-трговец и трговец-поединец, па во оваа насока се врши допрецизирање на прекршочните одредби. Со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди постигнување на следниве цели: Првата е транспарентност. Потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информации за цените; Втората е фер конкуренција. Трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби; И третата, заштита на потрошувачите. Тие ќе бидат заштитени од нефер практики како што се скриени трошоци или нејасни цени.
Овој закон досега успешно е имплементиран во Израел, Италија, Франција и Хрватска и секаде има намалување на цените, рече Стојаноски.
Додаде дека на ваквиот начин се дозволува потоа по основ на овој закон и на објавените цени, да се креираат апликации и алатки на интернет каде што граѓаните ќе може директно да ги споредуваат цените и да одлучуваат во кој маркет ќе може да добијат најмногу за нивните пари.
Македонија
Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.
Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Европа
Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани ужасни моменти од војната.
Во објава на Икс, Зеленски изрази гордост и благодарност до сите што ја бранат и поддржуваат земјата.
Three years of resistance. Three years of gratitude. Three years of absolute heroism of Ukrainians. I am proud of Ukraine! I thank everyone who defends and supports it. Everyone who works for Ukraine. And may the memory of all those who gave their lives for our state and people… pic.twitter.com/HeNMpJX891
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 24, 2025
„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутен херојство на Украинците. Горд сум на Украина! Им благодарам на сите што ја бранат и поддржуваат. На сите што работат за Украина. И нека е вечен споменот на сите кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.