Топ
Прегазен велосипедист на патот Гостивар – село Чегране

Седумдесет и двегодишен велосипедист вчера бил прегазен на регионалниот пат Гостивар – село Чегране.
Според информациите на МВР, вчера во 20,45 часот било пријавено дека на патот за селото Старо Чајле, автомобил „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од И.Ј.(23) од село Форино удрил во велосипедист О.О.(72) од село Чајле.
Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев.
„Ги видовме овие извештаи и внимателно ја следиме ситуацијата, вклучително и нападите што ја погодија породилната болница во Одеса. Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат. Ги осудуваме овие напади и изразуваме најдлабоко сочувство до жртвите и семејствата на сите погодени“, рече портпаролот.
Нови масовни руски воздушни напади во текот на ноќта беа насочени кон украинските градови Киев и Одеса, при што загина едно лице и беше погодена породилна болница, соопштија локалните власти.
Во Одеса, 59-годишен маж беше убиен, а најмалку четворица други беа повредени во напади врз станбени згради во центарот на градот. Според гувернерот Олег Кипер, погодена е и породилна болница.
Во Киев, четири лица беа повредени во воздушен напад што градоначалникот Виталиј Кличко го опиша како „масивен“, при што се пријавија пожари во неколку згради.
Свет
Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради нејзиното неодамнешно патување кон Појасот Газа.
„Мислам дека на светот му требаат многу повеќе бесни млади жени, искрено“, рече Тунберг по пристигнувањето во Париз откако беше депортирана од Израел утрово. „Особено со сè што се случува денес. Токму тоа ни треба најмногу.“
Тунберг утрово отпатува од Тел Авив за Франција, откако претходниот ден беше пресретната од израелските власти на брод што се упатуваше кон Газа.
Таа беше дел од мисија организирана од коалицијата „Freedom Flotilla“, група пропалестински организации што отпловија од Италија за Газа на 1 јуни за да достават хуманитарна помош за цивилите кои умираат од глад во војната на Израел против Хамас во крајбрежната енклава. Меѓу патниците беше и Рима Хасан, француско-палестинска европратеничка со врски со левицата.
Европа
(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши самоубиство. Истражителите пронајдоа самоубиствена порака во неговиот дом.
Полицијата претходно објави дека 21-годишниот австриски напаѓач бил пронајден мртов во училишниот тоалет и дека дејствувал сам. Влегол во училиштето со пушка и пиштол и отворил оган.
Тие не можеле да дадат информации за мотивот бидејќи сè уште се потребни обемни кривични истраги.
Exklusives Video:💥Hier hört man die Schüsse in der Grazer Schule
Schockierend! AUF1 hat soeben ein exklusives Video erhalten, in dem die Schüsse in der Grazer Schule zu hören sind. Das Video wurde in einem Klassenzimmer des BORG gefilmt.
👉🏻 AUF1 bleibt für Sie dran – folgen… pic.twitter.com/xJ0r7glyCK
— AUF1 (@AUF1TV) June 10, 2025
Бројот на жртви расте
Уште едно лице кое беше повредено во пукотницата почина, соопшти Универзитетската болница во Грац.
Тие рекоа дека станува збор за возрасно лице.
„Еден од двајцата тешко повредени возрасни лица за жал почина во Универзитетската болница во Грац“, се вели во соопштението на болницата.
Со ова, бројот на жртви се искачи на 11, вклучувајќи го и напаѓачот.