Топ
Приведен дрвокрадец во скопско, полицијата пукала во воздух

На 02.09.2023 во 21.30 часот во с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А.(28) од с.Драчевица, скопско. Имено, претходно, во с.Батинци, скопско, полициски службеници забележало патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, кое го управувал Р.А. и кој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници. Притоа, совозачот почнал да фрла дрва од возилото, по што еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.
Возилото било сопрено во с.Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.
Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.
Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.
Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Свет
Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер остварија „позитивна“ размена на мислења за ситуацијата во Украина, соопшти Елисејската палата.
„Потврдувам дека имаше размена на мислења меѓу претседателот и Трамп, Зеленски и Стармер, што беше позитивно“, изјави советник од Елисејската палата.
Иако постоеше можност за нова средба помеѓу Трамп и Зеленски по церемонијата, американскиот претседател го напушти Рим без дополнителна средба, јавуваат агенциите.
Претходно, Зеленски и Трамп накратко се сретнале во базиликата „Свети Петар“, седејќи на две столчиња без советници околу нив. Белата куќа соопшти дека разговорот бил „многу продуктивен“, особено во контекст на обидите за ставање крај на конфликтот меѓу Украина и Русија.
Трамп, кој интензивно врши притисок врз двете страни да постигнат прекин на огнот, во петокот изјави дека неговиот претставник остварил „продуктивни“ разговори со руското раководство. Тој повика на итен состанок на високо ниво меѓу Киев и Москва за финализирање на мировен договор.
Трамп веќе ги предупреди страните дека неговата администрација ќе се повлече од напорите за постигнување мир ако не се постигне договор наскоро. Средбата во Рим е прва лична средба меѓу Трамп и Зеленски откако во февруари имаа жестока расправија во Овалната соба.
Македонија
Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а не како да бил дел од сите Влади и да раководел со многу ресори, зад себе оставајќи низа скандали, порача Коалицијата Вреди во најновото соопштение.
Од Коалицијата обвинуваат дека Бујар Османи и ДУИ, и по две децении апсолутна власт, сè уште не ја научиле ниту вештината на достоинствено владеење, ниту културата на политичко однесување во опозиција.
„Ги гледаме заробени во патетична паника, молејќи за власт како да им е последен политички здив“, велат од Вреди.
Во отсуство на идеи и визија, според нив, ДУИ продолжува да ги лаже гласачите со празни ветувања и повици за предвремени избори, со единствена цел – да го спасат сопственото богатство и криминалното минато кое, како што велат, секојдневно излегува на виделина.
Во соопштението се посочува дека граѓаните многу добро знаат со кого имаат работа:
Со Бујар Османи, кој делел тендери за рента-кар како „бакшиш“ за пријатели и политички кругови;
Со Блерим Беџети, кого го нарекуваат „мајстор на башибозук-политиката“, кој заедно со Данела Арсовска го претворил Скопје во џунгла;
Со Артан Груби, кого го нарекуваат „бегалец“ кој завршил на црна листа поради спасувањето на Сашо Мијалков од затвор.
„И сега мислат дека Албанците ќе им веруваат? Каде се вашите ISO-стандардите? Дали добивте одговор од европските институции за вашите писма без одговор?“, прашуваат од Коалицијата Вреди.
Во продолжение, тие обвинија дека ДУИ, во собраниската Соба 16, ја понижила Албанската заедница нудејќи четири министерства и претседател на Собранието за да влезе во влада со ВМРО-ДПМНЕ, наместо со Коалицијата Вреди.
„Не е чудо што денес, кога ДУИ нема ни реална власт ни влијание, се служат со потпалувачка реторика и лажни приказни за понижување на Албанците“, велат од Вреди, додавајќи дека за ДУИ власта отсекогаш била извор на моќ и личен бенефит, а не обврска за иднината на народот.
„Без програмска и кадровска реформа, ДУИ нема да ја помириса власта многу долго време“, се заклучува во соопштението на Коалицијата Вреди.