Топ
Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни, дело коешто е казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.
За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира цела јавност ги нема ни збор да кажат. Веќе извесен период прашуваме и ги повикуваме СДС, Венко Филипче и Зоран Заев да одговорат дали поседуваат златни визи за Дубаи? Ако поседуваат, тогаш на кој начин ги стекнале имајќи предвид дека таквите визи се стекнуваат со вложувања или инвестиции кои надминуваат и неколку милиони“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите?
Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа од неговиот ментор Заев е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот?
Сите знаат дека Филипче е верна сенка на Заев и дека тие двајцата се прават заедно, па оттаму е и дилемата дека во аферата со висококатниците во Дубаи можно е и тој да е вклучен.
Овие двајца беа неразделни и за време на нивното заедничко владеење, па така се богатеа врз грбот на граѓаните местејќи тендери, посебно во ковид кризата каде што живи беа фатени како договараат милионски провизии за набавка на вакцини.
Венко Филипче и неговиот ментор Заев со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, па тие пари сега ги вложуваат во приватни бизниси. Во јавноста глумеа дека ја спасуваа Македонија, но тие само се спасувале самите себеси и милиони спечалени врз грбот и здравјето на граѓаните.
Зачудувачки е нивниот молк и фактот што на сите овие прашања и дилеми Филипче, Заев и СДС, ниту реагираат ниту пак ги демантираат. Можеби затоа што немаат аргументи и затоа што сите овие дилеми се точни, одговор треба да дадат тие.
Но едно е сигурно, СДС, Заев и Филипче, се синоним за криминал, неспособност и национални предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Свет
Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со почеток во 10 часот, објави Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека погребната миса на римскиот епископ Франциско ќе се одржи на плоштадот Свети Петар.
Ватикан објави дека папата починал од мозочен удар, што предизвикал кома и неповратна срцева слабост.
Од целиот свет пристигнуваат луѓе во Ватикан, од таму објави фотографија од папата Франциско во ковчег.
Топ
Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој „Пресека“: неколку повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.