Топ
Пукање во Чаир, повредено едно лице
Едно лице е повредено во пукање што се случило попладнево во Чаир. Неофицијално станува збор за Ваљон Беља од ДУИ, кој од октомври е економски директор на Клиниката за гинекологија
Попладнево во 17 и 45 часот во полиција било пријавено пукање во Чаир. Според информациите на полицијата, инцидентот се случил на улица Лазо Трповски, а повредениот, според полицијата, е В.Б. (40) од Скопје.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. Повредениот со прострелна рана во ногата е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто
До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се запишани се 712.549 гласачи, гласале 325.691 односно 45,71 отсто на ниво на цела држава.
По општини состојбата е следна Аеродром гласале 42, 72 отсто, Боговиње 39, 29, Дебар 41, 21, Демир Капија 72, 64, Дојран 72, 78, Карпош 48, 09, Кичево 51, 34, Кочани 40, 44, Крушево 68, 60, Куманово 33, 43, Струга 40, 14, Тетово 44 35, Центар 46, 14, Шуто Оризари 30, 75 отсто.
За Град Скопје од вкупно 474, 304 гласачи во 10 скопски општини бројот од 100 отсто обработени избирачки места, гласале 160.131 избирачи или 33,82 отсто.
Од ДИК соопштија дека сите избирачки места се затворени во 19 часот. Конечната излезност ќе биде соопштена во 23 часот.
Македонија
Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува
Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
„Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор!
Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има еднаква тежина, еднаква чест и еднаква одговорност.
Нашиот глас е нашата сила, да ја искористиме достоинствено“, пирача Мицкоски
Македонија
Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски.
„Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари своето избирачко право.
„Очекувам мирен изборен ден со којшто ќе се заокружат локалните избори и итно фрлање на работа.
Верувам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искористат своето избирачко право, гласајќи по сопствено уверување“, нагласи Сиљановска-Давкова

