Топ
Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.
Соопштението следува по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан. Во меѓувреме, групата од Минск на ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат нова средба на 29 октомри.
„Во текот на интензивните разговори копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на сеопфатно решение“, се наведува во соопштението од групата од Минск.
Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија, не успеаја. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата. Од нив 4 се активни, 4 се под контрола, а 27 изгаснати.
Како што известија од ЦУК, активни се пожарите во:
Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Липково – с. Виштица (деградирана шума)
Под контрола се пожарите во:
Велес – с. Џидимирци – с. Крушје – с. Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Демир Хисар – градска депонија (депонија)
Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари се евидентирани низ Ранковце, Куманово, Липково, Кратово, Тетово, Свети Николе, Битола, Штип, Делчево, Скопје (Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден), Росоман и други општини.
Македонија
(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“
Македонија
МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Од таму додаваат дека хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет.
„Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, соопштија од оваа институција.