Топ
Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник
Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Р.А. од село Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт“, соопшти МВР.
Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Спорт
Македонија ја победи Гвинеја, носи еден бод во главната фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонија не импресионира со играта но ја опрвада фавористската улога и ја совлада Гвинеја со 29:20 (14:10). Македонија избори пласман во главната фаза, во дуелите со Франција, Катар и Австрија ќе влезе со еден бод.
Македонија се мачеше со објективно полабиот противник во првите 20 минути. Првиот гол Македонија го постигна во четвртата минута, до 20.минута момците на лазаров делуваа конфузно во нападот, лесно продава топки и промашуваа зицери и по 20 минути игра резултатот беше 7:7.
Благодарение на голманот Кузиќ кој врза четири одбрани Македонија се одлепи на 13:8 и тука практично го реши натпреварот.
Добриот старт на вториот дел и овозможи комотна предност на Македонија, но победа со поголема разлика не дозоволи голманот на Гвинеја, Пјер, кој беше најдобар во неговата селекција со 16 одбрани.
Македонија ја предводеа капитенот Кузмановски со 12 голови (вкупни 31 досега на турнирот) и голманот Кизиќ со 15 интервенции.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.