Топ
Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14.20 часот на улицата Железничка во Охрид кога автомобил „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С. Н. (33) од Охрид, удрил во пешакот З. С. (62) од село Велгошти, Охридско.
Жената пешак добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.
Свет
Кина нуди 500 евра годишно за секое дете во период од три години за да го поттикне наталитетот

Поради заканувачката демографска криза, Кина почна да им нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка предвидува родителите да добиваат околу 3600 јуани (околу 465-500 евра) годишно за секое дете помладо од три години.
Тоа значи дека за цел период од три години, по едно дете родителите може да добијат вкупно околу 10.800 јуани, односно приближно 1500 евра. Субвенцијата ќе се плаќа и ретроактивно, па семејствата со деца родени од 2022 година наваму може да аплицираат за помош.
Оваа мерка е дел од пошироките напори на кинеската влада да го зголеми паднатиот наталитет, и покрај укинувањето на политиката на едно дете пред речиси една деценија. Во моментов, трошоците за одгледување деца во Кина се меѓу највисоките во светот, па државата се обидува да им помогне на семејствата да ги покријат овие трошоци.
Локалните власти веќе имаат слични иницијативи, како во градовите Хоххот и Шењанг каде се нудат дополнителни финансиски стимули за семејства со повеќе деца.
Сепак, официјалните податоци покажуваат дека популацијата на Кина опаѓа по трет пат по ред, а населението старее, што дополнително ја зголемува загриженоста за иднината на земјата.