Свет
Трамп предупреди дека импичментот може да доведе до граѓанска војна во САД
Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди на „Твитер“ дека неговото отповикување би можело да предизвика граѓанска војна во САД цитирајќи ја изјавата од евангелистичкиот пастор Роберт Џефрис.
Пасторот Џефрис во интервју за „Фокс њуз“ рекол дека земјата, по импичментот на претседателот, би можела да биде неповратно скршена и никогаш да не закрепне.
Во серија лути твитови Трамп напиша дека како и секој американски државјанин заслужува да се соочи со оние што го обвинуваат, особено, како што наведе, зашто свиркачот претставил совршен разговор со странски лидер на целосно неточен и лажен начин.
Трамп додаде дека не сака да се сретне само со свиркачот што ги изнел информациите од втора и трета рака туку и со лицето што незаконски му ги дало неточните информации.
„Дали тоа лице го шпионирало претседателот на САД? Тоа ќе има големи последици“, напиша Трамп.
Тој истакна дека сака претседателот на Одборот за разузнавачки работи во претставничкиот дом на Конгресот, Адам Шиф, да биде испитан на највисоко ниво поради измами и предавсвто.
Шиф вчера изјави дека Конгресот е одлучен во намерата да добие пристап до разговорите меѓу Трамп и рускиот претседател и други светски лидери и додал дека постои можност Трамп да ја загрозил националната безбедност на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.