Топ
Уште четири закони вратени во Собранието, претседателот Иванов одбива да ги потпише

Претседателот Ѓорге Иванов одби да потпише уште четири закони кои беа изгласани во Собранието на 7 март. Станува збор за законите за енергетика, за банките, за безбедност во сообраќајот и патиштата и за супервизија и осигурување. Во образложението, Иванов се повикува на членот 75 од Уставот и вели дека дал свечена заклетва дека во извршувањето на функцијата ќе го штити Уставот и дека ќе ги брани интересите на државата.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека дел од законите според Деловникот има обврска да ги стави повторно на седница, но двотретинските се сметаат за донесени.
„Првата група се закони што се донесени на 28 февруари, втората група се закони што се донесени на 4 март и третата група се донесени на 7 март, што значи првата група и прва седница што морам да ја свикам на која ќе бидат ставени првата група закони е најдоцна 28 март. Имајќи предвид дека на тој датум е седница за пратенички прашања, може да очекувате ден порано да се свика таа седница и да се исполни рокот од 30 дена, но тоа не значи дека законите од 4 и од 7 март треба да чекаат да се исполни рокот од 30 дена, и тие закони може да ги ставам на истата седница оти се во рокот од 30 дена откако се донесени и вратени“, вели Џафери.
Досега вкупниот број закони вратени во Собранието од претседателот Иванов достигна 15. Меѓу законите се и тие за ОТА, за служба во АРМ, за едношалтерски систем, за електронски комуникации, за ДДВ, за пристап до информации од јавен карактер и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и извлечат телото на девојка од Србија, пренесоа српските медиуми.
Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.
Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.
Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.
Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.
фото: принтскрин
Европа
Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа заедно со НАТО, по руските упади со беспилотни летала во Полска, додека Германија изјави дека ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО.
„Вчера му го дадов ова ветување на полскиот премиер Доналд Туск“, објави францускиот претседател Емануел Макрон денес на Икс, додавајќи дека разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.
„Нема да попуштиме пред зголеменото заплашување од Русија“, рече тој.
Германија, исто така, ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО по инцидентот со дроновите во Полска, изјави владиниот портпарол Стефан Корнелиус.
Тој рече дека војската на германскиот Бундесвер ќе го прошири и продолжи својот воздушен надзор над Полска. Два борбени авиони „Еурофајтер“ на Бундесвер веќе извршуваат извидувачки летови над Полска, кои беа планирани до 30 септември. Тие полетуваат од нивната база во близина на северниот германски град Росток.
Мерц: Ова е сериозен инцидент, а не несреќа
Бројот на авиони сега ќе се удвои на четири, а извидувањето е продолжено најмалку до 31 декември, соопшти германското Министерство за одбрана. Канцеларот Фридрих Мерц вчера изјави дека не верува дека нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала е несреќа, туку инцидент што претставува многу сериозна закана за мирот во цела Европа.
Варшава регистрираше 19 нарушувања на својот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала завчера и вчера. Русија негираше одговорност за инцидентот. Полска беше поддржана од своите сојузници во НАТО во соборувањето на беспилотните летала, прв пат членка на воениот сојуз да отвори оган за време на војната на Русија во Украина.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО. Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане утре за да разговара за упадите на беспилотните летала во полскиот воздушен простор.
фото: принтскрин
Свет
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк.
„Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вали“, објави ФБИ на социјалните мрежи.
We are asking for the public's help identifying this person of interest in connection with the fatal shooting of Charlie Kirk at Utah Valley University.
1-800-CALL-FBI
Digital media tips: https://t.co/K7maX81TjJ pic.twitter.com/ALuVkTXuDc— FBI Salt Lake City (@FBISaltLakeCity) September 11, 2025
Полицијата и американските федерални агенти потврдија претходно денес дека пронашле снајперска пушка за која се верува дека е употребена во атентатот врз влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута, но убиецот е сè уште на слобода и по него се води потрага.