Македонија
(Видео) Шаленберг: Бугарија да ги надмине билатералните прашања, Скопје трчаше тежок маратон, штета е да се сопне на последната пречка
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ,кој заедно со своите колеги од Чешка и Словачка е во Македонија, истакна дека нашата држава е најсигурниот партнер за Австрија надвор од ЕУ.
Австрија, Чешка и Словачка, како што додаде Шаленберг, се најверните поддржувачи на Северна Македонија надвор од ЕУ.
Шефовите на дипломатијат,а како што и самите изјавија, се дојдени и овластени од високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за прашања поврзани со досието за европска интеграција на Република Северна Македонија.
„Дојдовме да ја искажеме пораката од Борел. Тоа е порака на охрабрување. Нема време за губење. Одлагањето на уставните измени значи и одлагање на патот кон ЕУ. Би било штета Скопје, кое истрча тежок маратон, да се сопне на последната пречка. Северна Македонија се соочува со опасност да биде изолирана доколку не продолжи по европскиот пат“, порача Шаленберг.
Според него, сега е моментот за политичка одговорност.
„Моментот е сега. Ние не се мешаме внатре во работите на РСМ. Решението ќе дојде од внатре од Северна Македонија, а не од Брисел или од Виена, или од Прага или од Софија, вам ви останува дали ќе одите напред. Ставете ја политичката пред партиската одговорност. Сега е време кога треба и стратешки да се размислува. Ова е време и за порака за нашите пријатели од Бугарија. Надминете ги билатералните прашања и исто така почнете да размислувате стратешки. И понатаму ќе ве поддржуваме. Северна Македонија е модел за целиот регион и сакаме и натаму да останете ваков светол пример“, порача Шаленберг.
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, одговори дека рокот за завршување на процесот со уставните измени зависи од скрининг-процесот, кој, како што рече, треба да заврши во ноември.
На прашањето дали очекува ново вето или блокада од Бугарија, Османи рече дека нема други предуслови, освен веќе постојните патокази и акциски план.
Османи истакна дека во моментот во државата во врска со прашањето на уставните измени и европскиот пат постои голема пропаганда, а македонската опозиција ја користи фрустрацијата на граѓаните и сакаат да ја претворат во политички поени свртувајќи ја ситуацијата во своја корист.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

