Скопје
Шилегов бара избори за Скопје заедно со парламентарните, а Арсовска да си поднесе оставка

На избори за нов градоначалник на Скопје во мај и оставка на Данела Арсовка повика ексградоначалникот Петре Шилегов на социјалните мрежи.
Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.
„Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме“, вели Шилегов.
Тој додава дека нема намера повторно да се кандидира за градоначалник, ниту пак жал за функцијата, туку едноставно живее во Скопје и го сака.
Функцијата не го прави човекот, туку човекот ја прави функцијата, вели Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столови од тоа што им е исцртано во елаборатот

Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општината.
„Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе биде поведена постапка за отстранување на урбаната опрема како и времена забрана за поставување на истата“, велат од Општината.
Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.