Македонија
(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”.
Таа најави дека со новинарите ќе се гледа и на суд, каде што ќе се објаснат многу дилеми.
„Мојот телефон не беше форматиран, а не знам дали ќе се прошири истрагата. Јас не чувствувам вина, ќе има судење и ќе имате можност да видите како се одвива“, рече Јанева.
На прашањето зошто на распитот била со адвокат, шефицата на СЈО, во оставка, одговори дека секој пат има право на правни консултанти.
По совет на адвокатот Стеван Павлески, Јанева не даваше дополнителни одговори на прашањата, а го прескокна и прашањето дали знае каде се парите земени од Орце Камчев.
Таа рече дека не знае каде е Орце Камчев, а за обвинувањето од обвинителката Лиле Стефанова, која изјави дека Јанева барала затворање на предметот „Поштенска банка“ под услов осомничените да ги вратат парите, но да не бидат обвинети, таа рече дека ќе има време и ќе се објасни и за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.