Свет
Џонсон: Владата поготви план во случај да не преживеам
Во интервју за неделникот „Сан“, британскиот премиер Борис Џонсон открива дека владата подготвила план во случај на негова смрт, кога состојбата му се влошила додека минатиот месец на интензивна нега се бореше со Ковид-19.
Џонсон се врати на работа во понеделникот, еден месец откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус. 55-годишниот премиер по влошувањето на неговата состојба беше префрлен во болница, каде три ноќи помина на интензивна нега.
„Имаа стратегија како да се справат во случај на смрт според „сталинистичко сценарио”, рече Џонсон во интервјуто за Сан. „Беше тоа тежок момент“, додава Џонсон.
Тој вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и префрлен на интензивна нега. Раскажува дека добил „литри и литри кислород” за да остане жив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Њу Џерси починало поради малтретирање од татко му: го терал да ослабне, трчал на лента до исцрпеност
Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување.
Таткото од Њу Џерси, Кристофер Грегор, е обвинет за убиство на својот шестгодишен син. Новата снимка покажува како момчето се наведнува од исцрпеност додека неговиот татко Грегор го принудува да трча на лента што се движела пребрзо.
Неговиот татко наводно го гризнал по главата додека го терал да трча. Набргу по инцидентот, момчето итно било однесено на лекар бидејќи тешко изговарало зборови и имало проблеми со движењето.
За време на прегледот, тој добил напад и набрзо починал. Во извештајот од обдукцијата се наведува дека тој починал од „тапи повреди со контузија на срцето и црниот дроб со акутно воспаление и сепса“.
Се верува дека лентата за трчање била програмирана за најголема можна брзина, поради што момчето паднало и се мачело да се врати на лентата за трчање. Неколку дена по посетата на теретаната, мајката на момчето, Бреана Миколо, која го делела старателството со Грегор, ги видела повредите на својот син и ги пријавила на службеник на Одделот за заштита на децата во Њу Џерси.
Свет
(Видео) Застрашувачки бројки: се зголеми бројот на жртви при уривањето на автопатот во Кина
Бројот на загинати од уривање на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 48, соопштија во четвртокот локалните власти.
Гуангдонг, густо населена индустриска област, беше погодена од серија катастрофи во последниве недели кои се припишуваат на екстремните временски услови.
Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 36 лица, но бројот брзо се искачи на 46.
Несреќата се случи додека милиони Кинези патуваат за празникот.
Областа каде што се случи несреќата е зафатена од обилни врнежи од дожд во последните денови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.
Свет
Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога
Полската полиција соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава.
Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес.
„Беше целосно изненаден, не сакаше да зборува, не ги откри мотивите“, изјави портпаролот на полицијата Роберт Шумијата, додавајќи дека судот ќе одлучи дали на младиот човек ќе му се суди како полнолетен.