Контакт

Истражувања

75 000 евра годишно добивал Никола Димитров од Институтот во Хаг – Холандија во шок од потрошените пари на даночните обврзници

Објавено пред

Холандската јавност и политичарите чекаат одговори на прашањата како се потрошени 20 милиони евра државни субвенции во Институтот за глобална правда во Хаг, каде што до лани работеше и сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Институтот се распадна на почетокот на минатиот месец откако биле потрошени субвенциите и утврдиле дека не можат сами да се финансираат. Политичарите се во шок од начинот на кој се потрошени парите на даночните обврзници. Аферата за трошењето во Институтот веќе три недели е главна тема во јавноста.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ истражуваше колку пари на холандските даночни обврзници завршиле како плата за Никола Димитров, како вработен и близок човек на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, за кого холандските медиуми објавија дека имал невообичаено висока плата од 223 497 евра годишно. Според податоците од администрацијата на Институтот, Димитров, очекувано, земал помала плата од претседателот, но сепак меѓу повисоките. За него биле потрошени околу 200 000 евра од субвенциите за кои сега политичарите бараат отчет.

„Никола почна да работи за Хашкиот институт по 1. 4. 2014. Ја напуштил организацијата на 31. 3. 2017. Кога почна, доби плата од 5 144 евра бруто месечно, приближно 62 000 годишно, вклучувајќи ги и бенефициите како празник. Имаше неколку мали покачувања во неговата плата во годините во кои работеше за Институтот. Во последната година во Институтот добиваше 5 813 евра бруто месечно. Ова е приближно 75 000 евра годишно, повторно вклучувајќи бенефиции. Овие плати покажуваат дека тој имал постојано работно место“, велат од администрацијата на Институтот.

Димитров не одговори на прашањата дали чувствува одговорност по распаѓањето на Институтот, но објасни дека оставил многу зад себе.

„Работејќи како истакнат истражувач (Distinguished Fellow) во Хашкиот институт бев посветен на проекти пред сè во функција на демократизација и владеење на правото на Балканот. За моите резултати говори и понудениот ангажман за продолжување на мојата работа во Институтот за безбедносни студии на ЕУ во Париз, во соработка со Европскиот фонд за Балканот, на проекти во Центарот за меѓународна правна соработка во Хаг, како и проекти со Групата за политики на Балканот во Европа, поддржана од германската Агенција за меѓународна соработка. Овие ангажмани не се реализираа поради моето враќање во Република Македонија“, вели министерот Димитров.

Тој не одговори на прашањето дали од Институтот го контактирале за отчет по затворањето, но нагласи дека добил писмо со благодарност.

„Од холандското МНР, пак, за илустрација, добив писмо со благодарност за реализацијата на проектот за довербата на јавноста во судството во земјите од Источното партнерство во 2015 година. Можам да продолжам и со други примери, меѓутоа мислам дека за мојата работа поупатно е да зборуваат луѓето со кои сум соработувал. Да се зборува за сопствената кариера не е никогаш мудро, а особено не е во момент кога сум целосно во служба на неспоредливо поголеми цели – стратешките приоритети на Република Македонија”, изјави за „Макфакс“ министерот Димитров.

Администрацијата на Институтот во Хаг ангажманот на Димитров го смета за успешен.

„Добро е да знаете дека Институтот не само што одвојуваше пари за Никола, туку и дека Никола беше успешен во добивањето голем број субвенции и договори за Институтот“, нагласија од администрацијата на Институтот за глобална правда во Хаг.

Тие објаснија дека Димитров бил назначен за висок функционер во Кабинетот на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, со титула истакнат соработник.

 

Бисквит од јастог, убаво вино и одлични закуски во Институтот

 

Токму претседателот Вилијамс поранешни истражувачи во Институтот го посочуваат како личност која лошо управувала со Институтот. Истражување за работата на Институтот направи холандскиот неделник „Де Гројн Амстердамер“ кое ја шокираше јавноста. Институтот бил формиран во 2011 година со цел да го профилира градот како меѓународен центар за мир и правда. Холандската Влада за Институтот одвоила 17,45 милиони евра од фонд создаден со дел од добивката од експлоатација на гасни полиња во северната провинција Гронинген, која сега била на удар на земјотреси поради производството на гас. Владината субвенција била дадена под еден услов – во рок од пет години Институтот да стане финансиски независен од владините субвенции.

За Институтот пари одвоила и Општината. Им одобрила износ од 2,5 милиони евра со што Институтот имал на располагање близу 20 милиони евра.Тенденцијата била тој да наликува на познатиот Институт Брукинг во Вашингтон, па тогашниот градоначалник на Хаг, Јозиас Ван Артсен, кој Институтот го сметал за свое „бебе“, успеал да ја ангажира Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД, за претседател на советодавниот одбор. Таа го предложила за претседател Вилијамс, кој, како што објави „Де Гројн“, побарал титулата декан да се смени во претседател, а проблематични уште од почетокот биле и неговите услови за плата оти неговите барања биле далеку над нормите за извршување јавни функции во Холандија. Се согласил на плата од 223 497 евра годишно, сума која била изненадувачки голема за декан на институт кој никогаш нема да вработи повеќе од 35 лица во исто време, пишува неделникот.

Институтот кој потрошил 20 милиони евра на даночните обврзници во Холандија од почетокот на минатиот месец е затворен

Институтот бил сместен во монументална вила во благородничка област во Хаг. Често биле организирани настани со интересни говорници, тркалезни маси и панели. Се случувало програмата да биде проследена со пијалаци, убаво вино и одлични закуски, што овозможувало меѓународната заедница на професионалци, дипломати, судии од меѓународни судови, адвокати и истражувачи да се состанат на неформален начин. Но, неделникот објави дека зад оваа фасада се случувало нешто сосема друго.

Вработени кои го напуштиле Институтот, но сепак инсистирале на анонимност, го опишуваат претседателот како исклучително нарцисоиден, сведочеле дека им викал на луѓето, го направил Институтот „токсично место за работа“, ги заплашувал и ги малтретирал вработените.

„Додека заминав состаноците на персоналот се сведоа на тоа секој вработен да вели дека сè е прекрасно и дека секој проект оди одлично. Еден од моите колеги ги нарече овие состаноци ‘известување за политбиро’“, објаснил за неделникот поранешниот вработен укажувајќи дека почнале да се плашат да покажат иницијатива или да ја критикуваат стратешката насока на претседателот.

Претседателот Вилијамс се повлекол во својата канцеларија и со другите вработени контактирал исклучиво преку неговиот личен асистент, секретар и советник. Истражувачите од Институтот сведочеле дека претседателот никогаш не јадел со нив од бесплатниот оброк што им бил обезбеден туку нарачувал од блискиот хотел, вообичаено ручек со бисквит од јастог, а го јадел сам во канцеларијата.

Институтот имал луксузен стил, гостите се служеле на маси со бели чаршафи, имале одличен кетеринг, а за поголемите настани се ангажирал и готвач.

Неделникот добил копии од фискалните сметки кои покажале дека претседателот пријавил околу 10 000 евра потрошени за такси-превоз. Во нив имало сметки за релации покуси од еден километар.

Наспроти луксузирањето, персоналот укажал дека на веб-страницата на Институтот не постојат годишни финансиски извештаи за потрошените пари. Во последната година од функционирањето била утврдена и загуба од половина милион евра. Тоа е причината поради која претседателот Вилијамс се смета дека таинствено управувал и имал практики кои се граничеле со корупција.

Нашите извори од Хаг велат дека Димитров важел за близок човек на претседателот Вилијамс. Димитров не сакаше да ги коментира обвинувањата за Вилијамс.

По затворањето на Институтот, политичките паритии шокирани за губењето на парите на даночните обврзници, составиле долга листа на прашања до Општината и до Владата со кои бараат објаснувања за тоа што се случило со милионските суми од владините фондови. Одговор на прашањата, како што велат истражувачите од неделникот, сè уште нема.

Истражувања

(Видео) Нафтениот тајкун и пратеник од ДУИ, Јахоски, му ја продал куќата на Таравари во Тафталиџе, комшии му се министри и бизнисмени

Објавено пред

Куќата во скопско Тафталиџе на Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците, по цена далеку пониска од пазарната му ја продал пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој пет мандати беше градоначалник на Пласница и чие семејство е сопственик на „Пуцко петрол“. „Макфакс“ дојде до официјалниот документ, кој покажува дека последниот сопственик на куќата во Тафталиџе пред Таравари да ја купи бил пратеникот Јахоски заедно со сопругата Љупка-Еда Јахоска.

dobivaj vesti na viber

Со купувањето на куќата, Таравари во соседството е опкружен со видни бизнисмени, но и политичари од партијата ДУИ. На неколку чекори од неговиот двор живее министерот за финансии, Фатмир Бесими. На истата улица кај Бесими куќа има и бизнисменот Фатмир Етеми, кој е поранешен пратеник од ПДПА, кој изгради деветкатница кај „Мајчин дом“ во Аеродром.

Иако му ја продаде куќата, семејството Јахоски останува прв сосед на Таравари оти Љупка-Еда Јахоска, според податоците од Катастарот, е сопственичка на соседната парцела.

Историјатот од Катастарот покажува дека Јахоска во 2013 станала сопственичка на куќата што денес ја поседува Таравари. Делела по една половина со Иса Јаоски. Во 2017 година делот од Иса Јаоски како дар го добил пратеникот Јахоски. По четири години, во 2021 година, врз основа на договор за купопродажба како сопственик е внесен Таравари.

Таравари во анкетниот лист истовремено ги пријавил куќата од 150 илјади евра и кредит од 100 илјади евра

Според анкетниот лист пријавен во Државната комисија за спречување корупција, Таравари за квадратен метар платил 576,5 евра, иако пазарната цена за квадрат надминува 1.500 евра и сега и во 2021 година кога била направена купопродажбата. Извештаите на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека и во 2019 година, две години пред Таравари да ја купи куќата, просечната цена на квадрат во Скопје била 1.000 евра, а од тогаш наваму цените се во постојан пораст.

Таравари смета дека цената од 150 илјади евра за 261 квадрат во Тафталиџе е реална и нагласува дека цените сега и пред две години се разликуваат

Таравари за „Макфакс“, сепак, тврди дека платил реална цена за куќата и не даде никаков коментар на обвинувањата за партиски пазар и сомнеж за корупција.

„Куќата е купена во јуни 2021 година со комплетно уредна документација. Пријавена е во анкетниот лист уште 2021 година, а според состојбата во која беше купена куќата во 2021 година, таа ѝ е реалната цена за тоа време. Инаку, цените на становите и куќите сега и пред две години се разликуваат“, рече Таравари.

Пратеникот Јахоски вели дека има обичен мобилен и не ги гледа пораките со прашања за купопродажбата

Пратеникот од ДУИ, Јахоски, не одговори на прашањата од „Макфакс“ зошто му направил попуст на Таравари и со тоа оставил простор за сомнеж за корупција и политички пазар, како што обвинува опозицијата.

„На седница сум“, рече пратеникот, кој самиот се јави во „Макфакс“ оти, како што рече, му стигнала празна порака, но спушти слушалка кога ги слушна прашањата што му беа испратени во пораката. Рече дека има обичен телефон и не гледа прашања, а не одговори ниту на прашањата испратени по имејл.

Таравари, истовремено, со купувањето на куќата за која навел дека вреди 150 илјади евра, во анкетниот лист пријавил и кредит од 100 илјади евра.

Државната комисија за спречување корупција ги истражува сите наводи во анкетниот лист на Таравари, вклучително и цената на куќата.

„Имаме предмет за Таравари, но сè уште се работи и во овој момент немаме исход што би можел да се соопшти“, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, за „Макфакс“.

Управата за финансиска полиција, пак, како најповикана институција за следење на патот на парите и откривање криминал во функционерските кругови, една недела не одговара на прашањата од „Макфакс“ за цената што Таравари ја платил за куќата по јавно искажаните сомнежи за корупција ниту, пак, извести дали на кој било начин оформиле предмет за овој случај. Новиот директор на Управата, Горан Иванов, не контактира со медиумите, освен во случаи кога Управата преку соопштение, еднострано, ѝ се обраќа на јавноста. За случајот на Таравари, досега од оваа институција немаше соопштение.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Разрешена директорка зела плата и го возела службениот автомобил

Објавено пред

Ексдиректорката на Државниот комунален инспекторат, Елизабета Јованчева, и разрешена зела плата, го возела службениот автомобил и потпишувала документи, а нејзините колеги сведочат и дека заминала на обука во Италија за која си зела и дневници. Инспекторатот сега судски бара ексдиректорката да врати 26.832 денари, што ѝ биле префрлени како плата по разрешувањето, а откако ќе ја добие пресудата за платата, ќе поведе постапка и за сите останати трошоци што ги направила во периодот по одлуката на Владата.

dobivaj vesti na viber

„Владата ја разреши Јованчева на 15 мај 2018 година, без образложение, со назнака дека одлуката стапува на сила веднаш, но таа си остана на функцијата до јуни. Место само за 15 дена од мај, таа си потпиша плата за цел месец. Одвреме-навреме доаѓаше и на работа. Кога ја прашавме зошто доаѓа и по одлуката на Владата, таа кажуваше дека чека официјално известување“, велат вработени во Инспекторатот кои сакаа да останат анонимни.

Инспекторатот бил без директор до август 2018 година кога Владата го назначила Зоран Маџовски за в.д. директор, но по само две недели го разрешила и него и за в.д. директор е назначен Сали Ајдини, кој сè уште е на функцијата. Со негов потпис, Државниот комунален инспекторат во октомври лани побарал од Јованчева да ги врати парите што ги добила како вишок средства со платата. Со истиот допис ја известиле ексдиректорката дека ако не ги врати парите, ќе почнат судска постапка.

Јованчева им одговорила дека барањето им е неосновано, па Инспекторатот побарал милење од Државното правобранителство. Правобранителството го прифатило барањето и го известило Инспекторатот дека случајот е испратен за постапување до Државното правобранителство во Штип, надлежно да постапува доколку е потребно да биде поведена судска постапка.

„Правобранителството нè извести дека подготвително рочиште за предметот е закажано за во март годинава. Нашиот став е дека поранешната директорка треба да ги врати парите за половина месец оти одлуката на Влада за нејзино разрешување стапи на сила веднаш и таа беше одјавена од социјално осигурување“, изјави директорот Ајдини за „Макфакс“.

Државниот комунален инспекторат во октомври лани побарал од Јованчева да ги врати парите што ги добила како вишок средства со платата

„Макфакс“ ја контактираше ексдиректорката Јованчева, но таа не сакаше да зборува за случајот.

Владата, која ја назначи и ја разреши Јованчева, не одговори на прашањата кое е образложението за нејзиното разрешување и зошто постојано дозволуваат Инспекторатот да е без директор.

„Во однос на кадровските прашања во Владата на Република Македонија, има комисија за кадровски прашања, која за секое лице поединечно ги проверува содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата ги именува истите“, е коментарот на Владата како одговор на прашањата за смената на Јованчева.

Владата ја назначи за директорка Јованчева на 26 јануари 2018 година откако Инспекторатот беше три месеци без директор, оти дотогашниот стана градоначалник, а вработените беа без плата. Една од првите обврски на Јованчева беше потпишувањето на платата.

 

Прикажи повеќе...

Истражувања

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Објавено пред

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара железничка прво гради хотел. Зад „Рамстор“ веќе се гледа објект од приземје и четири ката, а во исто време на трасата на подземната сообраќајница видливи се само подготовки за градење. Овој проект е уште еден во низата проекти што имаат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година беше продадено државното земјиште, но се молчеше иако со години не се градеше, а властите од СДСМ, пак, лани наплатија комуналии за сите предвидени објекти и издадоа одобренија за градење и покрај мораториумот за градење во Центар.

dobivaj vesti na viber

Сега властите молчат за редоследот на градење. Обврската прво да ја изградат подземната сообраќајница на Турците им ја наметна поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, веднаш по продажбата на земјиштето во 2012 година. Трајановски ги уверуваше скопјани дека Град Скопје склучил договор со Турците кој нема да дозволи тие да си ги изградат комерцијалните содржини над земја и да ја баталат подземната сообраќајница бидејќи се обврзале прво да ја изградат сообраќајницата, а дури потоа да почнат да ги градат другите содржини. Изградбата се одолговлекуваше со години, а кога веќе почнаа да градат минатата година, Турците покажаа дека приоритетен им е хотелот, спротивно на уверувањата на поранешниот градоначалник.

Иако објектот зад „Рамстор“ секојдневно расте, и од Град Скопје и од „Лимак“ велат дека не е прекршен договорот за изградба на подземната сообраќајница.

Од Градот тврдат дека е на сила договорот што го потпишал поранешниот градоначалник, но го сокрија кога „Макфакс“ со барање за пристап до информации од јавен карактер побара копија. Не одговорија на барањето и по истекот на законскиот рок од еден месец.

„Градот Скопје го нема променето договорот склучен помеѓу Град Скопје и ‘Лимак’ од 12.03.2012 година“, кусо одговорија од Градот на прашањето кога го смениле договорот што го обврзува „Лимак“ прво да ја изгради подземната сообраќајница, а потоа да ги гради останатите содржини со оглед на сегашната состојба на градилиштето зад „Рамстор“.

Од „Лимак“ избегнаа да одговорат директно на прашањето зошто не ја изградија подземната сообраќајница пред да почнат да ги градат другите содржини. Велат дека и покрај одолговлекувањето, ќе ги исполнат обврските од договорот потпишан во 2012 година.

„Според распоредот за изградба на ‘Лимак’, подземната сообраќајница ќе биде прва точка од проектот на ‘Лимак’, кој ќе се гради на парцелата 1.1. ‘Лимак’ прво ќе ја гради подземната сообраќајница на секвенци на парцелата 1.1 и ќе работи нагоре за да ги комплетира паркинзите, а дури потоа ќе почне со активности за изградба на станбените објекти и трговскиот центар кои е предвидено да се наоѓаат на ова место. Според инженерите, ова е сосема изводлив проект. Планирано и буџетирано е дека ‘Лимак’ ќе инвестира до 250 милиони евра за да го заврши овој проект“, изјавија од „Лимак“ за „Макфакс“.

Од компанијата се правдаат дека почнале да го градат хотелот зад „Рамстор“ оти заедно со локацијата го презеле и одобрението за градење што претходниот инвеститор го добил во 2008 година. Морале да почнат да градат оти биле обврзани во рок од десет години од издавањето на одобрението градбата да заврши. Поради истечениот рок за завршување на градбата „Лимак“ плаќа казна од два милиона денари месечно.

Официјално изградбата на комплексот кај Јужен булевар Турците ја почнаа лани во септември и најавија дека подземната сообраќајница ќе биде готова за 20 месеци, односно до средната на 2020 година. Ќе се гради прво потпорен ѕид од 17.000 квадратни метри околу сите парцели опфатени со проектот.

„Лимак“ на просторот кај Стара железничка станица покрај подземната сообраќајница најави изградба на мултифункционален комплекс со четири дваесеткатници, трговски центар, простор за рекреација, угостителски објекти и паркинг. Земјиштето со вкупна површина од 41.824 квадратни метри во 2012 година го купи за 3,7 милиони евра. Лани за комуналии на Град Скопје се обврза да му исплати 6,5 милиони евра на рати, а за 20 отсто помала сума треба да исплати на име комуналии и во Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија2 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа4 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија4 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје4 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија5 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа6 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа6 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа7 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет7 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија16 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија1 ден

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија1 ден

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија1 ден

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа1 ден

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет1 ден

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет1 ден

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...