Свет
Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД
Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД.
Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде се подготвува со двајца космонаути за лансирање кон Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата во средината на октомври.
Тие ќе останат таму шест месеци.
„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето можат да го направат тоа од земја”, изјави Рубинс за Асошиејтед Прес.
Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, Тексас, којшто им овозможува на своите граѓани да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.
„Клучно е да учествувате во нашата демократија. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената”, рече Рубинс.
Астронаутите на НАСА и претходно гласаа од вселената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Боинг со 78 патници излета од писта: нов инцидент, повредени 11 лица
Авион со 78 патници се излизгал од пистата пред полетувањето на главниот аеродром во Сенегал во вторникот, во несреќа во која беа повредени 11 лица.
Аеродромот „Блез Диањ“ издаде соопштение дека причината за несреќата, која се случила околу 3 часот по полноќ, додека Боингот 737-300 на Трансаир, изнајмен од „Ер Сенегал“ требаше да полета за Мали, е под истрага. Снимките на социјалните мрежи покажуваат авион со логото на сенегалската авиокомпанија Transair во тревата со крилото покриено со противпожарна пена.
Во соопштението на аеродромот се наведува дека се активирани протоколи за итна евакуација на патниците.
„Аеродромот засега е затворен. Се очекува повторно да биде отворен во следните неколку часа“, се додава.
Свет
Путин ја повлекува војската од разни ерменски региони
Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да ги повлече руските воени сили и граничарите од разни делови на Ерменија на барање на Ереван, изјави портпаролот на Путин за руската новинска агенција „Интерфакс“.
Соопштението следува по заминувањето на речиси 2.000 руски мировници од регионот Нагорно-Карабах и околните области. Азербејџан насилно го врати тој регион во септември минатата година.
Нивното заминување стави крај на повеќегодишното распоредување, кое ѝ овозможи на Москва да има воено упориште во стратешки важниот регион Јужен Кавказ.
Ерменија исто така побара од руските граничари да ги напуштат своите позиции на главниот аеродром во Ереван од 1 август.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на состанокот во средата во Москва постигнале договор за нови заминувања од споменатите области.
„Есента 2020 година, на барање на ерменската страна, нашите граничари и членовите на нашите воени сили беа распоредени во многубројни ерменски региони“, изјави Песков.
Свет
Свечен прием за кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Будимпешта
Претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и неговата сопруга Пенг Лијан беа свечено пречекани со воени почести во замокот „Буда“, Унгарија.
Претседателот на Унгарија, Тамаш Суљок, премиерот Виктор Орбан и нивните сопруги ги поздравија Шји и неговата сопруга во пресрет на воената церемонија на вториот ден од нивната официјална посета на Унгарија, јави МТИ.
Шји и Суљок потоа ги следеа свечената парада на церемонијалниот баталјон на унгарските вооружени сили, Националната церемонијална коњаничка единица и полкот на грофот Ференц Надашди Хусар.