Топ
Координатор на ОН: Бројот на жртвите во Турција и Сирија веројатно ќе се удвои
Бројот на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија веројатно ќе биде „повеќе од двојно“, изјави координаторот за вонредни состојби на ОН.
И зборувајќи за „Sky News“ во Адана, Турција, Мартин Грифитс рече дека очекува уште десетици илјади смртни случаи, пишува „Гардијан“.
Најмалку 24.596 луѓе се потврдени загинати во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди јужна Турција и северна Сирија, со повеќе последователни потреси.
„Мислам дека е тешко да се процени колку точно колку треба да бараме под урнатините, но сигурен сум дека бројот на жртви ќе се удвои или ќе бие и повеќе од тоа“, рече Грифитс.
“Страшно е. Ова е природата што возвраќа на навистина суров начин“.
Тој рече дека периодот од 72 часа по катастрофата обично бил „златен период“ за спасување, кој во меѓувреме истекол, но дека преживеаните сè уште се извлекуваат од урнатините.
„Мора да биде неверојатно тешко да се одлучи кога да се запре оваа фаза на спасување“, рече тој.
Апелираше до светот да се сети на илјадниците луѓе на кои им требаше засолниште и храна додека спасувачите бараа преживеани од разорниот земјотрес.
Зборувајќи за време на брифингот со новинарите во турската провинција Кахраманмарас, Грифитс рече дека разговарал со семејствата кои биле раселени и останале гладни од земјотресот.
„Тука сум да се погрижам тие луѓе да не бидат заборавени.
Грифитс го пофали одговорот на Турција на катастрофата како „извонреден“ и ја поздрави „храброста“ на првите што реагираа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ограбувачите ќе бидат казнети, по извештаите за луѓе кои земаат стока од продавниците во областите погодени од земјотресот.
„Прогласивме вонредна состојба“, рече тој за време на посетата на регионот погоден од земјотресот, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Македонија
Извлечено возилото кое излета од патот и падна во Вардар
Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено.
Од него се извадени телата на три женски лица.
Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува, информира ЦУК.
Топ
Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од СВР Тетово за „Макфакс“.