Свет
Уште една изградена болница во Вухан со 1.600 кревети
Локалните власти во Вухан најавија дека ќе пренаменат уште осум објекти во импровизирани медицински установи за згрижување на заболените од коронавирус. Станува збор за спортски центри, гимназии и изложбени салони.
Трите веќе реконструирани објекти имаат 3.400 легла. Севкупно, 11 привремени болници може да згрижат 10.000 пациенти со коронавирус. Овие импровизивни болници се очекува да бидат во функција од среда.
A gymnasium, an exhibition center and a cultural building complex in #Wuhan will be turned into temporary hospitals; 3,400 beds will be added to take in #coronavirus patients with mild symptoms. https://t.co/m2Lx6pjnbK pic.twitter.com/hdlv3eW3su
— Global Times (@globaltimesnews) February 4, 2020
Вухан, главниот град на покраината Хубеи, за само десет дена изгради болница со 1.000 кревети, а се очекува денеска да ја отвори втората новоизградена болница во Лејшеншан.
Вухан, град со 11 милиони жители, има на располагање многу болници и клиники, но бидејќи коронавирусот продолжува да се шири, потребни се дополнителни медицински услуги и болнички капацитети, јавува „Ксинхуа“. Во Хубеи се пријавени 3.156 нови случаи на вирусот и 65 нови смртни случаи, со што вкупниот број заразени во покраината достигна 16.678 и 479 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.
Свет
Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.