Uncategorized
Лавров по разговорт со Лиз Трас: Ова беше разговор со глуви – разочаран сум

Барањата на Западот Русија да ја повлече војската од нејзината територија се за жалење, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На прес-конференцијата по средбата со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас, во Москва, тој ги коментираше коментарите што таа ги даде на истиот настан.
Шефот на британската дипломатија Лиз Трас ` порача на Русија дека треба да ја премести војската што ја собрала на границата со Украина, доколку е сериозна во намерата да користи дипломатија за да ја ублажи кризата.
Таа на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва рече дека не гледа друга причина за 100.000 војници стационирани на украинската граница освен да ` се закануваат на Украина.
„Ако Русија е сериозна во дипломатијата, мора да ги придвижи тие сили и да престане да се заканува“, рече Трас.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денешната средба со неговата британска колешка Лиз Трас ја опиша како „невозможен разговор со глуви“, пренесува Спутник.
„Искрено, разочаран сум што разговорот со глувите се покажа како невозможен. Се чини дека слушаме, но не слушаме“, рече Лавров на прес-конференцијата одржана по средбата со Трас.
Тој додаде дека најдеталните објаснувања на Русија паднале „на неподготвен терен, слично како што велат дека Русија чека земјата да замрзне и да стане како камен за да можат тенковите мирно да преминат на украинска територија“.
„Ми се чини дека нашите британски колеги денеска го имаа истиот терен од кој беа отфрлени бројни факти“, рече рускиот министер.
Тој тврди дека загриженоста на Западот за воените вежби и движењето на руските сили на сопствена територија е нејасна за Москва.
„Не сакаме никому да се закануваме, погледнете ги изјавите, никаде немаше закани. Ни се закануваат“, рече Лавров и додаде дека Русија и Велика Британија различно ги толкуваат договорите од Минск.
Тој исто така наведува дека на западните сили им е потребен украинскиот претседател Зеленски како инструмент за да ја исфрлат Русија од рамнотежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Видео) Тасевска: Цените на основните продукти намалени до 10 отсто поради ограничените маржи

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на заштита на стандардот на граѓаните, во време на најголема светска економска криза. Ја ограничивме трговската маржа за основните прехранбени продукти. За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо. За брашното, јајцата, оризот и тестенините се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо, изјави на денешната прес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека со ова ограничување на маржата, веќе има намалување до 10 отсто на крајната цена на овие производи во маркетите. Истовремено, продолжуваат засилени контроли за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.
Тасевска истакна дека оваа одлука ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да се продолжи до крајот на годината. По усвојувањето на ребалансот на буџетот, следуваат мерки за поддршка на граѓаните и компаниите со цел полесно справување со последиците од кризата.
Од септември 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии, а зголемување на платите од 15 отсто ќе добијат вработените во образованието, детската заштита и други сектори. Продолжуваме со вистинска грижа за стандардот на нашите сограѓани, изјави Тасевска.
Uncategorized
Две малолетни лица од Битола се повредени во сообраќајка со мопед

Синоќа во 21:58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. Ружа Делчева во Битола, мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.
Uncategorized
(Видео) Кузеска: По Талир 2, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да ги вратат парите

Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски, криминален начин, со пари украдени од граѓаните. Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ 30-тина градови во земјава. Криминалната шема на ВМРО-ДПМНЕ е грабај од граѓаните и трупај за себе, за партијата. И така 11 години.Додека граѓаните во тој период тешко живееја, ВМРО-ДПМНЕ си ја опремувало Белата плата со прескапи луксузи, со плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра“, нагласи Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, никогаш не се водела од интересот на граѓаните и сè што правела правела само за партијата. Така е до денеска, оценува таа.
„Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија. Сега, по правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени. Парите и имотот треба да се вратат кај оние од коишто се земени, а тоа е се граѓаните. Ова е правично и праведно, затоа што тоа се пари кои биле украдени од граѓаните. Ова е потврда за криминалот и корупцијата, дрското кршење на законите, за обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави над сè, над Уставот, државата и граѓаните“, додава Кузеска.
Според неа, наместо да се измислуваат оправдувања и вината да ја бараат на друго место, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да се извинат.
Побара да се извинат за целиот криминал, за грабежот што, како што рече, го направиле врз граѓаните и да побараат одговорност од секој што е вмешан во овој случај.
„Мицкоски треба да собере храброст и да се соочи со реалноста дека правда има и правда мора да има. Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните“, нагласи Кузеска.